Македонската ватерполо репрезентација минимално со 8:7 е поразена од Германија во рамките на 3. коло од Европското првенство кое се одржува во Загреб.
Македонија пропушти голема шанса да остане непоразена кога Даниел Бениќ на 1 секунда пред крајот од само 2 метри шутираше право во противничкиот голман. Претходно германскиот селектор на 14 секунди пред истекот на времето зема тајм-аут, но неговите совети не помогнаа Германија да ја зачува топката. Со пресинг Латковиќ ја освои топката, го проигра Рачуница, а овој уфрли до Бениќ кој не успеа да го совлада Чигер.
Германците одлично го започнаа дуелот и по двете четвртини имаа високо водство од 6:2. Избраниците на Нонковиќ резултатски фатија приклучок во третиот период кој го добија со 4:2 и намалија на 8:6. Македонија беше подобра и во последната четвртина која ја доби само со 1:0 што не беше доволно да се избегне вториот пораз на евро-шампионатот.
Головите за Македонија ги постигнаа Делаш 3, Рачуница, Вуксановиќ, Бркиќ и Бениќ по 1.
Следниот натпревар Македонија го игра в петок против Србија со почеток од 10 часот.
Во првиот натпревар од групата „Б“ претпладнево Србија ја победи Русија со 16:10.
Унгарија и Грција својот натпревар ќе го играат од 16:30 часот.
Табела: Унгарија 6 бодови (натпревар помалку), Србија 6, Германија 6, Грција 3 (натпревар помалку), Македонија3, Русија 0.