Две македонски ракометни екипи овој викенд ќе играат во рамките на 2.коло од Купот на ЕХФ.
Шампионот Металург по елиминацијата во квалификациите на Лигата на шампионите сега продолжува во ова натпреварување и за противник ја има екипата на Мешков Брест од Белорусија.
Првиот натпревар се игра во Белорусија утре со почеток во 16 часот.
Вториот македонски претставник во овој куп, битолски Пелистер ја има улогата на фаворит во дуелот со Дуделанж од Луксембург, екипа која настапи во првото коло за разлика од битолчани кои беа слободни.
Дуелот Дуделанж – Пелистер се игра в недела со почеток во 18 часот.
Реванш натпреварите во Скопје односно во Битола се играат следниот викенд на 9 октомври.