Поделени бодовите на македонското дерби

Првото македонско дерби во рамките на СЕХА лигата заврши без победник. Металург и Вардар одиграа нерешено 18:18 на тврд нервозен натпревар, со драматичен финиш. Двата тима не можат да се радуваат на освоениот бод, колку што треба да жалат за пропуштената шанса да извојуваат комплетен триумф.

Првата сезонска пресметка покажа уште еднаш дека на дерби нема фаворити, а водено е увертира на нова неизвесна трка за шампионската титула која минатите две сезони лесно го наоѓаше патот до витрините на клубот од "Автокоманда". Нормално, тоа ќе бидат други времиња, можеби и поинакви состави, но судејќи според дербито, прво понеделничко меѓу овие два тима, на пролет може да имаме интересен шампионат.

Металург на хартија е посилен, со резултати подобар, но Вардар покажа заби и мотивираност достојна за секоја почит и сосема заслужено носи пола плен од "Автокоманда".

Почетокот на натпреварот беше слика и прилика на се што се играше во понатамошниот тек, практично во ист ритам двата тима играа 60 минути. Фокусирани на одбрана и со лоши напади. Тешко е да се направи вистинска проценка за тоа дали екипите беа толку добри во одбрана или толку лоши во напад. Генерално, натежна впечатокот кој го оставија напаѓачите.

Вардар покажа поинакво лице од досега одиграните натпревари во СЕХА. Очигледно, многу мотивирани и одлично спремни на тоа што го игра Металург во напад, а тоа за волја на вистината и не е нешто многу. Во офанзивната формација покажаа елементи кои досега беа карактеристика на Металург, а тоа е напад во кој не се јуриша, туку се игра до позиција за сигурен шут. Во одбрана главно користеа длабока зона со посебно внимание кон Наум Мојсоски.

Металург очигледно се уште има мака да го преболи поразот во Романија, а во стил каков што играше во Бузау во второто полувреме продолжи и во Скопје. Мојсоски отсечен, а другиот дел од тимот со големи маки да стигне до позиција за гол.

И во една таква игра, по 15 минути резултатот беше безмалку фудбалски - 3:3. Во дваесеттата слика беше уште полоша - 4:4.

Дури во тој период малку пркна Металург и дојде до нешто поосетна предност од 3 гола, 7:4, а до крајот на полувремето се продолжи во истиот стил и на одмор се замина со вкупно 14 постигнати гола, (8:6).

Разочарани сигурно останаа тие кои очекуваа нешто да се промени по паузата. Навистина, имаше нешто повеќе голови, но по 40. минута. Дотогаш беше 10:8. Следеа минутите за гостите од "Кале", а во 43. минута Вардар стигна до израмнување, 11:11, казнувајќи ја се полошата игра на Металург. По тоа се влезе во период игра гол за гол, која траеше до самиот крај.

Малку недостасуваше темпераментот на домаќинот да го платат со прв пораз затоа што во критичните моменти, кога Вардар дојде до позиција да има реми и да брка водство, прво Миркуловски, а по тоа и клупата заработи по 2 минути и го оставија тимот во еден период со 4 играчи во поле. Вардар казни, но не профитираше. Миркуловски во еден период презема поголема одговорност, и во вториот дел со 4 гола без нереализиран удар се претвори со спасител на тимот.

Вардар водеше само трипати на мечот, поведе 1:0 во првиот напад, а по тоа во 56. минута стигна со 17:16. Подоцна и до 18:17, но меч топката за победа ја имаше во свои раце Златко Мојсоски. На помалку од 30 секунди до крајот, при резултат 18:18 имаше пенал за Металург, но шутот заврши покрај голот. Вардар во последниот напад не успеа да погоди и бодовите беа поделени.

Вардар сега оди на одмор, а Металург мора да анализира затоа што му следи нај-најважниот натпревар. Ако домашните сакаат и статистички да си проверат каде лежи причината за нерешениот резултат, бројките ќе им го кажат следново. Шут 8/20 во првиот дел и вкупно 4 утнати пенали. Три од нив по ред, четвртиот рековме во финишот. Не би ни било нешто вредно да се спомене доколку ова не се повторило најмалку на 4 натпревари и тоа сите важни. Изведувачите се менуваат, но ефектот останува фрустрирачки. На овој меч ниту Вардар се прослави во тој поглед, па и тие запишаа 4 утнати пенали. Најголемата причина сепак е во нивниот најдобар игра и најдобар стрелец во Лигата на шампиони во моментов. Наум Мојсоски има 1/6 вкупно и е без шут кон голот во второто полувреме!

Прв пат дербито го судат странски судии. Честа ја имаа Србите Стојковиќ и Николиќ. Можеме слободно да констатираме дека се додека не видиме Французи или Данци на центарот, најдобро е дербито да си го судат македонски арбитри.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој црнец од некое афричко племе доаѓа со жена му и неговото новородено дете кај доктор Џоунс и му вика:
'Докторе, имам осум деца и сите се црни како мене, само ова е бело....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1679.- Умре холандскиот писател Јост ван ден...
1782.- Шпанците го презедоа од Британците...
1783.- Од земјотресот во Калабрија (југозападен...
1840.- Роден е шкотскиот пронаоѓач Џон Бојд...