Битолчани веруваат во подвиг

Познатата ракометна треска пред битните европски мечеви веќе се чувствува во градот под Пелистер. Битолчани говорат само за обидот да се (пре)стигнат оние 7 гола од мечот во Брест. На вчерашната прес-конференција беше анализиран првиот меч, лошата организација на Белорусите и оптимизмот пред реванш мечот, за кој речиси сите билети се распродадени.

Претседателот Евто Божиновски се наврати на првиот натпревар и непотребните трикови на организаторот да го деконцентрираат и испровоцираат противникот.

"Апсолутно некоректни беа Белорусите во секој поглед околу организацијата на натпреварот. Ги направија сите обиди да не дојдеме најподготвени на мечот. Сепак, и покрај тоа одигравме многу зрело и само заради лошиот критериум на чешките судии во завршницата наместо чесен пораз имаме нешто поубедлив дефицит. Сепак, оптимист сум дека во Битола без проблем може да падне Мешков Брест бидејќи нема секогаш да имаме таква арбитража и да правиме наивни грешки во додавањата", заклучи Божиновски.

Игор Тоскоски

Тимот за возвратниот меч во многу нешта зависи од лекарскиот тим, бидејќи во Брест 3-4 ракометари на Пелистер заработија повреди, а некои се и под знак прашалник за саботниот натпревар. Најсериозна е ситуацијата со Хрватот Марио Маретиќ, кој беше мегу најдобрите на првата средба. Повреда на вилицата во Брест доби и Михајло Петровски, но и покрај тоа го доигра мечот. На поситни повреди се жалат и Недановски и Везенкоски, а денес последниот тест за настап во саботата ќе го има и Сашо Јанкуловски, кој, веројатно, ќе игра со инјекција во коленото.

Мечот со нетрпение го очекува и капитенот на Пелистер, Игор Тоскоски, кој е голем оптимист пред вторите 60 минути.

"Мислам дека разлика меѓу нашата и белоруската екипа не постои или ако постои е на наша страна. Оние 7 разлика се апсолутно погрешна слика и ако не беа судиите кој знае дали Мешков Брест ќе допатуваше со предност во Битола. Вака мора да ги засукаме ракавите, да одиграме најдобро што знаеме и со помош на нашата публика да славиме презимување во Европа", истакна искусниот голман.

Билетите по цена од 80 денари се веќе пуштени во продажба и речиси се разграбани. Од ноември минатата година кога во Битола гостуваше Адемар Леон немало исполнета сала и ваква еуфорија, па битолчани со нескриен оптимизам чекаат на гостувањето на првата белоруска екипа која по 20 години ќе игра во спортската сала Младост.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Маж и жена живеат на пуст остров многу години. Еден ден уште еден маж доживува бродолом и доаѓа на островот. Мажот и жената се пресреќни поради неговотодоаѓање, зашто ќе можат да...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...