Вардар ПРО победник СЕХА лигата

Загреб, 15 април 2012 (МИА) – Ракометарите на Вардар ПРО се победници во првата сезона од регионалната СЕХА лига, откако вечерва во македонското финале од ова меѓународно натпреварување го совладаа Металург со 21:18.

Вардар ПРО по вчерашната елиминација на првиот фаворит на „фајнл фор“ турнирот домаќинот Загреб, денеска го победи и вториот фаворит, македонскиот шампион Металург и сосема заслужено го освои шампионскиот пехар.

Металург во неколку наврати имаше предност од пет и од шест голови разлика, но „црвено-црните“ не се предаваа, постојано ја бркаа разликата на противникот за во 52.минута да дојдат до изедначување 17:17. Во финишот вардарците влегоа со психолошка предност и физички посвежи што резултираше со четири постигнати и само еден примен гол за конечен триумф од 21:18.

Најефикасен играч на натпреварот беше Жарко Марковиќ, но неговите 7 голови не беа доволни да се спречи поразот на Металург. Во победничката екипа најефикасни беа Јан Собол со 6 голови и Филип Лазаров кој погоди 4 пати.

Во натпревар за третото место во загрбеска „Арена“ домаќинот Загреб КО го победи словачкиот претставник Татран Прешов со 31:29.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на правата на...
1452.- Во Винчи, кај Емполи, во Тоскана, е роден...
1764.- Умре Жан Антоанет Поасон, маркиза од...
1765.- Во Санкт Петербург умре Михаил Василевич...