Да се стартува со победа

САБОТА, 12.01.2013 - 15:45ч

МАКЕДОНИЈА - ЧИЛЕ


Првиот меч на своето трето учество на Светските првенства македонската репрезентација ќе го има против селекцијата на Чиле против која сe освен победа ќе се смета за голем неуспех. Македонија е огромен фаворит така што тука не се очекува да има поголеми проблеми.

Стартот на големите натпреварувања секогаш бил значаен, но никогаш не бил и пресуден. Сепак, добрата позиција при ждрепката од вториот шешир и можноста во првите два меча да се игра против двете селекции кои се со најслаб квалитет и со најмали шанси во групата дефинитивно покажува дека денеска Македонија е огромен фаворит.

"Свесни сме за тоа што се очекува од нас, но ние ќе одиме чекор по чекор. Најважно е да ја минеме групната фаза, односно да го стартуваме овој шампионат со победа над Чиле. На хартија сме фаворити, а имаме и подобар рејтинг. Сепак, тоа не значи дека треба да го потцениме нашиот противник. Затоа денеска сето внимание ќе го насочиме кон овој меч, а дури потоа ќе се насочиме кон Катар. Две победи во првите два дена ќе значат и многу поголемо расположение во нашите редови и далеку подобра атмосфера и намалување на почетниот притисок пред дуелите со далеку потешките противници. Денеска и утре практично го потврдуваме и местото во осминафиналето", изјавува селекторот Звонко Шундовски пред мечот против Чиле.

Денеска ќе има тешка задача бидејќи ќе треба да одлучи кои 16 играчи ќе ја почнат битката за место во елиминациите. Она што е сигурно е дека кај голманите нема да има кратење на списокот. Сите други позиции висат. Можно е да се намали од секоја друга позиција, но останува да се види.

"Осминафиналето е приоритет и минимум кој посакуваме да го оствариме. Имаме поволен распоред во групата, добро се подготвивме за предизвикот наречен Светско првенство и имаме реални шанси да дојдеме до целта. Но што ќе биде понатаму во голема мера ќе зависи од тоа кое место ќе го освоиме во групата. Во Шпанија одиме по добар резултат. Реалност е да се стигне до 1/8 финалето, с$ натаму ќе биде голем успех. Оптимисти сме и имаме желба да стигнеме што подалеку", вели Шундовски.

Сите денеска ќе очекуваме лесна победа над Чиле и одличен старт на 23. Мундијал. Оваа генерација веќе покажа дека знае како се стига до успех, а сега останува само да се продолжи и да се поправи пласманот на 11. место на последното учество пред четири години во Хрватска.

ДЕЈАН МАНАСКОВ

Срце на терен


"Од мое и од име на играчите можам да ветам дека ќе дадеме максимум на секој натпревар. Знаеме што н$ чека, напорно се подготвуваме за ова првенство. Ќе го оставиме срцето на терен и ќе се обидеме да оствариме што подобар пласман на првенството".



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој црнец од некое афричко племе доаѓа со жена му и неговото новородено дете кај доктор Џоунс и му вика:
'Докторе, имам осум деца и сите се црни како мене, само ова е бело....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1679.- Умре холандскиот писател Јост ван ден...
1782.- Шпанците го презедоа од Британците...
1783.- Од земјотресот во Калабрија (југозападен...
1840.- Роден е шкотскиот пронаоѓач Џон Бојд...