По инцидентите што се случија пред, за време и по завршувањето на ракометниот натрпевар меѓу екипите на РК „Вардар“ и РК „Металург“, во СРЦ „Борис Трајковски“, на 24-ти овој месец, кога од страна на 150 до 200 навивачи од навивачката група на „Комити“ на РК „Вардар“ дојде до нарушување на јавниот ред и мир проследено со насилство и недостојно однесување на спортскиот натпревар, полицијата идентификува и приведе 48 осомничени лица од Скопје вмешани во инцидентите.
Како што информираат од МВР станува збор за 22 лица на возраст од 14 до 48 години за сторен прекршок по член 3 и член 13 од Законот за спречување на спортски натпревари, 13 лица на возраст од 16 до 28 години за нарушување на јавниот ред и мир и 13 лица на возраст од 13 до 35 години за сторени прекршоци.
СВР - Скопје поднесе и кривична пријава против Д.М. (30) од Скопје за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. Имено, пријавениот пред почнувањето на ракометниот натпревар околу 18:10 часот кога почнало масовното нарушување на јавниот ред и мир е идентификуван како со стаклено шише мавал кон униформиран полициски службеник кои превземале службени дејствија на обезбедување на спортскиот натпревар.
Според досегашните сознанија, до инцидентите дошло кога група од 150 до 200 припадници на „комитите“ иако имале уредно купени билети за ракометниот натпревар од страна на организаторот на натпреварот не им бил дозволен влез во спортската сала.
Ваквата одлука на организаторот предизвикала револт кај навивачката крупа „Комити“, кои масовно го нарушиле јавниот ред и мир на надворешната страна од источната трибина и тие фрлајќи со камења и други тврди предмети се обиделе да ги пробијат полицискиот кордон и кородното од лицата за обезбедување од агенцијата „Перпетум мобиле“ кои билe поставени пред влезот на источната трибина.
Во обидот насилно да влезат во салата биле спречени, при што нема повредени полицајци, но настрадал еден од обезбедувањето на „Перпетум мобиле“ и еден неутрален навивач, кои биле пренесени во Ургентниот клинички центар и ГОБ „Св. Климент Охридски“, каде кај службеното лице од обезбедувањето е констатирана скршеница на десната потколеница, а кај другото лице скршеница на две потколенични коски, информираат од МВР.