Ракометниот клуб ПСЖ уште од сега ги пушти во продажба билетите за натпреварите од ЛШ против Металург и Вардар, .
Натпреварот ПСЖ- Металург ќе се одигра на 8-ми февруари следната година во 18 часот, а францускиот тим повторно на 22-ри февруари во истиот термин ќе биде домаќин на вториот македонски тим.
Цената на билетите за двата натпревари во Париз иснесува 24 евра или македонски 1486 денари, како што беше соопштено на официјалниот сајт на клубот.
Овој викенд Металург во Скопје ќе го пречека тимот на Вакер Тун, а Вардар гостува во Барселона против тимот предводен од Кире Лазаров.