Червар: Нема од што да се срамиме

Тренерот на Металург Лино Червар и покрај поразот синоќа од Пари Сен Жермен изрази задоволство од прикажаното од неговите избраници.

- Немам забелешки за играта на мојот тим и нема од што да се срамиме за поразот од големиот фаворит. Напротив, многу сме горди. Навистина би било неправедно од мене да бидам незадоволен од залагањето на моите ракометари. Тие играа против тим на кој му недостигаше само Никола Карабатиќ за да биде комплетна репрезентација на Франција. Добро се држевме во поголемиот дел од мечот, додека не ни падна концентрацијата, а квалитетните ракометари на ПСЖ знаеја тоа да го искористат. Нашиот најмлад играч Липовина беше најефикасен од надворешните позиции на теренот. Навистина не е лесно да се бие преку толку висока зона на противничкиот гол на кој се наоѓа еден Омејер, изјави хрватскиот стручњак по натпреварот.

Червар констатира дека противникот одлично ја поставил одбрната кон Павел Атман, а за Наумче Мојсовски рече дека се уште не е стопроцентно подготвен и поради тоа не може да прикаже игри како пред тешката повреда на коленото.

Металург синоќа на домашен терен во 1.коло од Лигата на шампионите загуби од ПСЖ со 27:22.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Еден човек среќава пират во бар.Пиратот има дрвена нога,кука и извадено око.
"Како ја доби дрвената нога?" го прашува цовекот.
"Имасе страсна бура на морето,и јас излетав во...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1620.- Стотина населеници, исклучени од верски...
1716.- Роден е англискиот писател Томас Греј....
1734.- Роден е англискиот сликар Џорџ Ромни,...
1792.- Роден е англискиот пронаоѓач и...