Поздравот за Вујо на Кале

Шампионот во Сеха Лигата, Вардар синоќа со резултат 32-29 беше поуспешен од тимот на Загреб во рамките на 6-то коло од регионалната Сеха лига, но овој натпревар помина во знакот на две нешта.

Натпреварот на Вардар против Загреб беше последниот кој тимот го одигра во СЦ Кале, пред трансферот во ново-изградената Јане Сандански и присуството на екс тренерот на тимот Веселин Вујовиќ.

Вујовиќ кој сега го предводеше противничкиот тим беше одлично пречекан од страна на публиката во Кале, а емотивниот пречек на тренерот дури предизвика солзи во очите не само на стратегот туку и на дел од навивачите.

- Ова за мене беше специјален натпревар. Се трудев да ги задржам емоциите. Она што го доживувам во Скопје не верувам дека некој спортист или тренер може да го доживее некаде. Не очекував ваков дочек. Мислев дека тој прв аплауз ќе трае 15 секунди и толку. Затекнат бев и јас и сите луѓе околу мене дека тоа траеше 10 -15 минути. Не учествуваа само Комити, туку цела сала. Ова потврдува дека во Македонија имам неколку илјади пријатели, изјави тренерот на Загреб.

Со оваа победа македонскиот вицепрвак се зацврсти на второто место на табелата со 15 бодови, три помалку од лидерот Веспрем кој има максимални 18 бодови. По нив следуваат: Татран Прешов и ППД Загреб по 9 бодови, Мешков Брест и Металург по 6 бодови.

Погледнете како изгледаше емотивното враќање на Вујовиќ во Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Одат маж и жена во продавница и жената се фатила за некој фустан. Мажот пак незаинтересиран и вели:
- Ај мори жено, остај го фустанов, гледај каква си, како комбајн.
Си отишле...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1571.- Во Вајл, Германија, е роден Јохан Кеплер,...
1585. - Во Париз умре Пјер Ронсар, француски...
1822. - Во Дол е роден Луј Пастер, француски...
1831.- Англискот научник Чарлс Дарвин ја започна...