Без Станиќ, Атман и Вугринец во Брест

Неофицијално, клубот не се договорил со Станиќ и Атман како ќе ја продолжат соработката, а и Вугринец е крајно неизвесен

Наместо да се смири како што се очекуваше, ситуацијата во Металург дополнително се искомпликува по последниот тренинг пред заминувањето на саботниот дуел од Лигата на шампионите против стариот познанинк БГК Мешков.

Клубот одлучил голманот Дарко Станиќ и бекот Павел Атман да не патуваат со екипата. Причините поради кои клубот донел ваква одлука најверојатно ќе бидат објавени деновиве, но дознаваме дека споменатите играчи и клубот не се договориле како натаму ќе ја продолжат соработката. Неврзано со ова, најверојатно за Брест нема да патува ниту словенечкиот Македонец Ренато Вугринец, но со оглед на тоа дека ситуацијата во Металург се менува од час во час, единствена сигурна информација за тоа кој ќе патува, а кој не, е да се биде денеска на аеродромот во Скопје.

СТАНИЌ БИ БРАНЕЛ, ОВА Е ОДЛУКА НА КЛУБОТ

Што се однесува до Атман и Станиќ, неиграњето со Мешков е одлука на клубот, а играчите биле подготвени да настапат.

„Јас играв на првиот натпревар од ЛШ иако знаев дека со тоа ги губам шансите да заиграм за било кој друг клуб ако ситуацијата тука ескалира. Бев спремен да играм и во текот на целиот летен период и никогаш не сум помислил внатрешните проблеми да ги рефлектирам со неиграње на терен. Ни беше кажано дека став на клубот е да не патуваме во Белорусија“ - изјави српскиот чувар на мрежата.

Оваа ситуација во целост ја менува сликата за Металург кој в сабота треба да му се спротивстави на Брест, но се надеваме дека тие што ќе отидат, ќе бидат на потребното ниво и дека ќе го одиграат тоа што од нив го очекува навивачката публика на клубот од Автокоманда.

МЕТАЛУРГ И КОМПЛЕТЕН НЕМАЛ ПОБЕДА ВО МЕШКОВ

Металурзите денеска заминуваат за Белорусија, на важен дуел од Лигата на шампионите. Белорусите се во понезавидна позиција од македонскиот тим со оглед на тоа дека во првото коло убедливо загубија од Ла Риоха, на гости со осум гола разлика. Ако загубат и утре, тогаш можат полека да се подготвуваат за збогум со ЛШ по прелиминарниот дел.

Металург постојано патот кон успехот го води преку некој белоруски тим. Целата приказна и почна со БГК Мешков во Купот на ЕХФ, а продолжи со дуелите со Динамо Минск во ЛШ, за сега одново математиката за Топ 16 да се прави преку белоруски тим.

БГК Мешков засега има стонастотно остварување на домашен терен на дуелите со Металург, но сега за прв пат влогот е „букирање“ на билет за Топ 16.

„Добро го познаваме тимот од Брест и знаеме дека ќе биде тешко. По распадот на Динамо, тие се сега нивни единствен претставник, во вид на државен проект. Тоа е екипа која во моментов ги има најдобрите белоруски играчи и квалитетни странци. Добија многу со ангажманот на Манојловиќ, кој беше столб на одбрана во РНЛ и сега заедно со Бабичев прават одлично дефанзивно дуо. Имаа одлична соработка со пикерот Стојковиќ, тука е и Шилович, Шумак итн.“, анализира тренерот на Металург, Лино Червар.

БГК Мешков не се покажа во добро светло на почетокот на сезоната...

„На мечот со Риоха беа без Шилер, а голманите немаа ден. Затоа и не ја земам многу предвид таа средба, ниту, пак, таа со Раднички од СЕХА. Таму сите тактизираат. Не е тоа лига во која неколку клуба се сериозни, а другите се ’фикуси’. Затоа и тој меч не го земам како репер. Нивната сила ја видов на мечот со Татран од квалификациите за ЛШ. Тоа беше добар натпревар од двата тима“, додава стратегот на Металург.

Сепак, проблемот со неиграњето на важни ракометари ја менуваат ситуацијата и Металург ќе ја има улогата на аутсајдер на хартија. Останува да се види дали Вугринец сепак ќе биде во тимот, а сите други се спремни за саботната пресметка со стариот познаник.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Еден човек среќава пират во бар.Пиратот има дрвена нога,кука и извадено око.
"Како ја доби дрвената нога?" го прашува цовекот.
"Имасе страсна бура на морето,и јас излетав во...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1620.- Стотина населеници, исклучени од верски...
1716.- Роден е англискиот писател Томас Греј....
1734.- Роден е англискиот сликар Џорџ Ромни,...
1792.- Роден е англискиот пронаоѓач и...