Ракометарите на Вардар со победа го започнаа настапот во својот нов спортски дом.
Во премиерниот натпревар во новата спортска сала „Јане Сандански“ одигран вечерва, вардарци убедливо го победија рускиот тим Чеховски Медведи со 39:28.
Во дуелот до 2.коло на Ц групата, црвено-црните, во прекрасна атмосфера, ја остварија втората победа сезонава во исто толку одиграни натпревари.
Најефикасен во редовите на Вардар беше Тимур Дибиров кој постигна 8 голови, додека Алекс Душебаев придодаде 7.
Потсетување дека попладнево, Металург на гостувањето во Белорусија, загуби од Мешков Брест со 28:24.
Покрај овие два натпревари денеска се одиграа и средбите Килце – Пик Сегед 37-32 и Мотор Запорожје – Данкерк 21:23.
Во тек е средбата Вестпрем – Рај Некар, а утре ќе се играат натпреварите: Барселона - Висла Плок, Бешикташ – Колдинг, Алборг - Кадетен Шафхаузен, Монпеље – Целје, ПСЖ - ППД Загреб и Фленсбург – Алингсас.