VIP со SEAT i SHAKIRA во Берлин

Shakira – Ново заштитно лице на SEAT

Интервју на Shakira со македонските медиуми

За Shakira

Shakira, млад и препознатлив уметник, го одбра SEAT, Шпанскиот автомобилски бренд, како главен спонзор на нејзината Европска Турнеја 2007 Shakira “Oral Fixation”. Турнејата започна на 25 Јануари и ќе заврши на 18 Март, покривајки 10 Европски земји и повеќе познати градови низ Европа.

Берлин

Овогодишната Турнеја на Shakira стартуваше на 25 Јануари со првиот концерт во Хамбург меѓутоа главниот VIP настан “The Big Bang” завзеде место во Берлин на 26 Јануари.

Настанот се одржа во Max Schmeling Halle во Берлин и се состоеше од прес конференција, VIP Welcome party, концертот како и VIP after party.

На овој настан KА-ДИС, официјалниот импортер на SEAT возила во Република Македонија, покани новинари и познати личности од Македонија како Александар Билјановски – Дадар (еден од најпознатите македонски стилисти), Методија Динев (сопственик на кафе барот Инсомниа) како и Живкица Ѓурчиновска No Limits продукција, со цел да имаат можност да се запознаат со Shakira како и да постават неколку интересни прашања.

На прес конференцијата во Max Schmeling Halle во Berlin, SEAT и Shakira ја презентираа наградата во новата масовна кампања на SEAT со цел собирање на донаторски средства за Добротворната организација на Shakira, Pies Descalzos (Боси нозе), единствен и уникатен SEAT León, соодветно наречен León Pies Descalzos.

Присутни беа преку 400 новинари од сите Европски земји меѓу кои и нашиот тим од Македонија.

Shakira беше придружена од страна на Др. Erich Schmitt – директорот на SEAT како и Менаџерот за односи со јавност на SEAT - Isabel Videira.

На популарната поп дива и беа поставени вкупно 5 прашања од кои македонскиот тим успеа да се издвои со прашањето “Дали имате Македонско потекло?” (информацијата за прашањето е земена од познатиот веб портал www.imdb.com каде што се наведува дека таа е од Колумбиско, Либанско и Македонско потекло).

На прашањето “Kако и се допаѓаат SEAT возилата, и дали сака да вози” таа одговори дека возењето и претставува особено задоволство, како и дека SEAT e исклучителна кола која потполно и одговара на нејзиниот карактер.

Прес конференцијата заврши со свечено претставување на уникатното возило León Pies Descalzos.

Измените во дизајнот на León Pies Descalzos ја вклучуваат бојата, која е специфична Лила металик боја. Оваа боја може да се најде на специфични места во ентериерот како на инструмент таблата и на задниот дел од седиштата. Исто така 18 инчните тркала се бојадисувани во црна боја. Pies Descalzos логото (босо стапало) е интегрирано во седиштата како и на неколку места во екстериерот.

Самиот León Pies Descalzos може да се освои со посетување на веб порталот

http://catch-the-fever.com со донација од само 1 Евро.


VIP забавата се одржа во Max Schmeling Halle во Berlin на која можеа да се видат и препознаат многу славни личности. Помеѓу присутните беше познатиот актер Jeff Goldblum (Independence day, Fly, Jurrasic Park) како и многу личности од областа на уметноста музиката и медиумите. Како пример може да се наведе присуството на Германската RTL 1 I RTL 2, Bild, SAT, MTV… Rolling Stone, Elle, La Repubblica, La Stampa како и многубројни национални телевизии и радио станици од цела Европа.

Интересно беше што на самиот настан Shakira одвои најмногу време за Тимот од Македонија споделувајки интересни и забавни моменти.

Целиот настан беше заокружен со доаѓањето на Shakira на забавата.

SEAT/SHAKIRA промотивна кампања во Македонија

Со самиот старт на кампањата Catch the fever во цела Европа, во секоја поединечна земја SEAT нуди уникатни и најповолни услови за купување на возило на пазарот.

На нашиот пазар КА-ДИС ја претстави својата понуда која што се состои од:

- 0% учество
- 0% трошоци за обработка
- Без пенали за предвремен откуп на возилото
- 48 часа до одобрување
- Најповолни каско услови

www.seat.com.mk



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Туристички водач им се обраќа на патниците во комбето.
- Е па господо, комбито вози само до тука, понатаму можат само коњи и магариња, па најљубезно би ве замолил да продолжите...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1221.- Роден е кастилијанскиот крал Алфонсо X...
1531.- Во Капела заврши граѓанската војна во...
1555.- Во Хемниц умре Георг Бауер - Агрикола,...
1831. - Штрајкот на лионските ткајачи прерасна...