Официјални фотографии се уште нема, но веќе извесно време на интернет кружат три слики од третата генерација на моделот Megane, во каросериска изведба со три врати.
Renault неодамна официјално го откри изгледот на идниот Megane III и понуди серија детали за опремата и за моторот.
Според најавите на францускиот произведувач, до 2010 година во семејството Megane би требало да има вкупно шест различни каросериски изведби.
Можеби најмногу внимание привлекува токму моделот со три врати, кој не ги крие своите претензии да остави впечаток на спортско coupe.
Во создавањето на спортскиот имиџ, Megane-от со три врати би требало да му помогне соодветната палета на мотори, повеќе детали за ова се очекува на претстојниот саем за автомобили во Париз.