Европјаните не веруваат во Господ, а Американците не можат да се изначудат. Во една американска статија им се советува на читателите ако патуваат во Европа, да не ја начнуваат таа тема на разговор.
Понудена е и листа на ’најневернички’ држави во светот, која оди вака:
1. Шведска (до 85% неверници, атеисти, агностици)
2. Виетнам
3. Данска
4. Норвешка
5. Јапонија
6. Чешка
7. Финска
8. Франција
9. Јужна Кореа
10. Естонија (до 49% неверници, атеисти или агностици)
Американците се изненадени и од 19-ото место на Израел, со 37%. Овој параметар во САД изнесува 3-9%, што ги става на 44-то место.
Оној што го вршел истражувањето заклучува дека „високите нивоа на органски атеизам е во силна корелација со високото социјално здравје (ниска стапка на убиства и сиромаштија, низок морталитет на новороденчиња, отсуство на неписменост, висок степен на образованост, висок бруто национален производ и еднаквост меѓу половите). Нациите што ги карактеризира високо ниво на индивидуална и социјална сигурност имаат највисока стапка на атеизам, а важи и обратното.