Ако се чувствувате исцрпено, можеби не сте преморени физички, туку емоционално. Дозволувајќи им на другите да ве газат или не правејќи ги работите кои ве веселат ја трошите својата емотивна енергија, што може да ве направи немотивирани, па дури и психички преморени.
Еве неколку совети како да ја поткренете емотивната енергија:
Престанете да ги задоволувате другите
Не се согласувајте другите да ви го кројат животот – ако на вашите родители не им се допаѓа вашето момче или девојка, не си расипувајте врската заради тоа. Преселете се ако тоа ве прави среќни, без разлика што другарите/ките можеби ќе ви наметнуваат грижа на совест поради далечината на вашето живеалиште.
Слободно речете не ако некоја бара од вас нешто што во реалноста не го сакате. Немојте без врска да ја трошите енергијата обидувајќи се да ги исполните очекувањата на другите. Многу повеќе енергија ќе заштедите доколку не се грижите што ќе речат другите за вашите одлуки.
Воведете позитивни личности во својот живот
Опкружете се со луѓе кои ве подржуваат и се грижат за вас, макар и во лошите периоди во животот. Избегнувајте ги негативните луѓе, оние кои критикуваат и ве малтретираат со своите проблеми. Тие ќе ви ја исцицаат животната енергија, за разлика од луѓето кои инспирираат, ви го креваат расположението и самодовербата.
Размислете два пати за таканаречените пријатели кои ви се јавуваат само кога им треба вашата помош.

Секогаш имајте нешто големо во план
Почнете да го планирате следниот годишен одмор или почнете да пишувате книга за која подолго време размислувате.
Свртниците и радувањето ги стимулира луѓето. На тој начин ќе имате причина да станете наутро од креветот и ќе биде засилена вашата желба да ги остварите целите.
Не живејте во минатото
Престанете да размислувате за тоа што би се случило да останевте со бившата љубов. Што би се случило да останевте на старата работа. Наместо да се заморувате со такви работи, фокусирајте се на она што се случува сега и овде, и како да продолжите понатаму.
Зачинете го вашиот живот со авантура, сменете го работното место, најдете нова љубов, отпатувајте. Само вие сте одговорни за се што ви се случува во животот, сепак имате шанса да го земете кормилото во ваши раце и да си ги остварите соништата.
Кариера, врска, слободно време, сето тоа е под ваша контрола и само вие можете да управувате со својата судбина.
{И.Ј}