Есента е на прагот, а со неа и најновите трендови. Овој пат ќе ви прикажеме три есенски фризури кои ќе бидат мошне актуелни оваа сезона.
Краток фриз
Schwarzkopf Professional за оваа есен како хит ви ја претставува таканаречената детска кратка фризура. Со помош на платинестата боја ќе успеете да додадете малку женственост кон овој навидум машки стил.
Одговара на: жени со нежни црти на лицето.
Совет плус: во текот на денот оставете ја слободно да паѓа, а за вечерни излегувања одделни прамени благо стилизирајте ги со восок.
Хипи стил
Wella препорачува да се обидете со хипи заоблени прамени со умерен волумен. Косата ќе ви биде природна и лесна за одржување.
Одговара на: жени кои природно имаат малку виткана коса. Сепак, тоа не е причина преостанатите да останат рамнодушни на оваа фризура.
Совет плус: мошне е важно косата да ви е добро исечена затоа што во спротивно ќе изгледа како едно големо безредие.
Вистинска дама
Оваа гламурозна фризура веќе беше видена неколку пати до сега на црвениот тепих, па токму затоа Redken ве советува да ја искористите за некоја свечена прилика.
Одговара на: жени кои се сигурни во себе и сакаат гламурозен настап
Совет плус: кога вашата коса е собрана на овој начин, тогаш мора да имате и соодветен фустан, а најдобриот е оној кој има своевиден шмек на 50-тите.