Популарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам најмил проватни детективи да ја следат проститутката Ирма Ници, која тврди дека играчот на Лос Анџелес Галакси бил еден од нејзините клиенти.
Ници била следена од детективите три дена во Њујорк додека Бекам заедно со своите правници ја составувал тужбата против неа.
Детективите ја пронашле Ници како се крие во луксузен хотел. Приказната на Ници, според „Сандеј мирор“, нема цврсти докази дека Бекам бил нејзин клинет.
Адвокатите на Бекам поднеле тужба и против „УС магазин“ за намерно нанесување на душевна болка, каде Ници ја продала својата приказна.
Ници тврди дека имала сексуални односи со Бекам двапати во текот на 2007 година во Лондон. По објавувањето фудбалерот ја демантираше приказнатга на Ници.