Господ го создаде светот за седум дена, а свештеникот Ед Јанг вчера ги повика брачните двојки да водат љубов седум дена во неделата.
Ед Јанг, кој ги повика верниците да ги „загреат креветите“, смета дека во време на финансиска криза, се почести се разводите и расправите за истополовите бракови. Наместо тоа, свештеникот Јанг ги повика верниците да се „фатат“ со работа. Апелот до присутните верници, Јанг го направи од креветот поставен веднаш до олтарот. За среќа свештеникот не беше гол, ниту пак во пижами.
„Сексот го негува и зацврстува бракот. Сексот е како суперлепило. Духовна и емотивна активност“, вели проповедникот Ед Јанг, кој е противник на истополовите бракови.
Џим Дејл, автор на книгата за индивидуалниот однос со Господ, смета дека апелот на свештеникот Ед Јанг е чист маркетиншки трик. Дејл досега присуствувал на проповедите кои ги држи Јанг во пет баптистички цркви во Далас.
„Морам да признаат дека маркетингот им е многу добар“, вели Дејл.
Проповедникот Ед Јанд не негира дека тоа е своевидна јадица за привлекување на верниците, но истакнува дека неговиот апел има и возвишена мисија.
„Сакам луѓето да почнат да размислуваат за сексот на едно повисоко ниво, да разговараат за него“, вели Ед Јанг.