И мажите сакаат допирање по брадавици

Повеќето мажи не сакаат да признаат дека се возбудуваат кога им ги галите брадавиците. Тие сметаат дека брадавиците, како и самите гради се женско подрачје. Сепак, брадавиците кај многумина мажи се ерогена зона, но тие тоа не го знаат, пишува стручниот магазин „Intimate medicine“.

Минете со прстите преку облеката. Галете ги брадавиците со врвот на прстите, правејќи кружни движења. Кога ќе почувствувате дека го сака вашиот прст, почекајте уште малку, одолговлекувајте, а потоа раскопчајте му ја кошулата и галете му ги голите брадавици.

Можете и малку да го навлажните, бидејќи сувиот допир може да биде непријатен. Сетете се дека тоа што вам ви годи, во иста мера му годи и нему. Навлажнете го прстот и правите кругови околу двете брадавици истовремено, така ќе го излудите.

Доколку брадавиците му се силна ерогена зона, додека го галите ќе доживее ерекција. Сепак задржете се на брадавиците. За галењето да биде уште подобро, намачкајте му ги градите со детско масло за тело.

Кога ќе ви се причини дека кружните движења и галењето траат предолго, почнете со нежно стискање. Почекајте да ја видите реакцијата. Ако наидете на одобрување, стискајте во ритамот на неговите емоции и воздишки. Доколку забележите дека му годи, можете и посилно да стиснете, секако без претерување.

Лижењето на брадавиците можете го вклучите и порано во играта, но јазикот и прстите комбинирајте ги со стискањето. Не задржувајте се само на брадавиците, туку тргнете и кон градната коска, Кон лижењето можете да додадете и нежно грицкање, нешто што на повеќето мажи им се допаѓа. Прво нежно и полека, а потоа посилно, па дури и можеби грубо.

Ваквото искуство секако можете да го засладите со шлаг или нешто друго слатко. Лижењето на брадавиците со шлаг дополнително ќе го зголеми неговото уживање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Одат маж и жена во продавница и жената се фатила за некој фустан. Мажот пак незаинтересиран и вели:
- Ај мори жено, остај го фустанов, гледај каква си, како комбајн.
Си отишле...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1571.- Во Вајл, Германија, е роден Јохан Кеплер,...
1585. - Во Париз умре Пјер Ронсар, француски...
1822. - Во Дол е роден Луј Пастер, француски...
1831.- Англискот научник Чарлс Дарвин ја започна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби