Еден од најпопуларните магазини за мажи „АskMan“, состави листа на Топ 10 митови за сексот. На пописот на кој на прво место е митот за тоа дека жената не може да остане бремена ако мажот „го извади на време“, се наоѓаат многу бесмислени теории - од тие дека оралниот секс е најсигурен во споредба со другите облици на секс, до тие дека големината на пенисот зависи од големината на дланката или стапалата.
1. Жената не може да забремени ако мажот „го извади на време“Оваа теорија е прогласена за најглупава во митовите за сексот, но и најлош можен метод на контрацепција, бидејќи мажите не можат секогаш да знаат во кое време ќе ејакулираат, а за да забремени жената доволно е мало количество на сперма. Статистиката докажува дека една од пет двојки кои го користат овој метод за девет месеци добиваат бебе.
2. Фантазирањето за некој друг е лоша работаНаучно е докажано дека сексуалниот акт повеќе зависи од мозокот, а не од телото. За да не ви здодее партнерката по некое време, експертите советуваат: Не е лошо понекогаш да помислите на Анџелина Џоли или Меган Фокс.
3. Прерана ејакулација се јавува само кај момчињатаПовторно грешка. Иако многумина сметаат дека прераната ејакулација се јавува при сексуално созревање, факт е дека кај 30 отсто мажи се јавува во текот на целиот нивен живот. Кај возрасните мажи се јавува поради еректални дисфункции или слаба кардиоваскуларна состојба, или пак како еден од невролошките симптоми, на пример кај анксиозноста или депресијата.
4. Оралниот секс е посигурен од вагиналниот и аналниот сексИако се создаде мит за тоа дека оралниот секс е „сигурен секс“, при тој чин исто како и при вагиналниот или аналниот секс се пренесуваат полови болести. Единствен факт според кој овој секс е „сигурен“ е фактот дека на овој начин не може да се забремени.
5. Определена храна ја зголемува желбата за сексШколки, црно чоколадо, јагоди, ореви и уште многу други прехранбени производи се наоѓаат на пописот на афродизијаци. Но, нема научни докази дека тие навистина ја зголемуваат желбата за секс, а иста храна не делува исто на секој човек - секој има некој свој афродизијак.
6. Важна е големинатаИако веројатно секој маж прецизно ќе се пофали со големината на својот пенис, тоа не е одраз на машкост или квалитети во кревет. Покрај сето ова се поврзува уште еден сексуален мит - големината на пенисот воопшто не е поврзана со големината на дланката или стопалата.
7. Решение е вијагратаИако многумина сметаат дека вијаграта и сличните препарати се најдобро решение за мажите со еректална дисфункција, правата вистина е дека повеќето од тие препарати не се делотворни. Некои од нив можат повремено да го „поправат проблемот“ кој често е одраз на лоша здравствена состојба. Исто така, за тие кои имаат проблеми со срцето или на пример се дијабетичари, овие препарати се опасни по живот.
8. Кога ќе дојдете до одредени години, сексот повеќе не е важен Ова е уште еден од митовите кои немаат апсолутно никаква врска со реалноста. Губењето на сексуалната желба нема никаква врска со годините, туку може да се поврзе со многу други работи, на пример со хормонални промени, депресија, анксиозност, влијание на некои лекови, односите во врската, комуникациски бариери. Токму затоа во сексот уживаат и многу луѓе кои ги поминале „златните години“.
9. Мажите имаат поголема потреба за секс од женитеИако постои теорија за тоа дека мажите се подготвени на секс 24 часа на ден, седум дена во неделата, вистината е дека тие исто како жените имаат моменти кога не им е до секс. Исто како и кај жените, на сексуалната желба кај мажите влијаат фактори како замор, стрес, здравствена состојба, самодоверба и односите во врската.
10. Одличниот секс „доаѓа природно“Последната теорија на пописот за Топ 10 митови за сексот е за тоа дека до добар секс, исто како на филмовите, се „доаѓа природно“. Но, ретко кога се погодува таква филмска хемија, ретко се појавуваат искри и ретко се доживува секс од соништата - во реалниот свет во кревет е потребно вие и вашиот партнер да примените многу познати трикови.