Сексуални афинитети:

Што сакаат слободните, а што зафатените мажи?

Слободните мажи при започнување на нова врска навистина внимаваат на деталите, бидејќи не знаат што може да очекуваат и се навистина внимателни. Оженетите пак велат дека „make up“ или сексот за помирување им е омилен – но без претходни комплицирани кавги. Тие според анкетата спроведена од Glamour.com, малку би ги зачиниле нештата со пцовки и кинење на облеката како после вистинска бурна кавга.

Орален секс

Оралниот секс е секогаш добредојден. Слободните мажи велат дека се способни да возвратат со иста мера, а дамите кои не му го пружаат ова задоволство на својот партнер всушност го лишуваат од една од најголемите скриени желби што се однесува на сексот. Оженетите мажи често се жалат дека сопругите често само си ја „одработуваат“ работата, па би им било драго доколку се случува поретко, но страствено како на почетокот.

Секси облека

На мажите кои се во брак им недостига малку фантазија. Во новата врска мажите се романтични, па сигурно ќе ви предложи да ја облечете неговата кошула. Во бракот жените честопати секси долната облека ја заменуваат со нешто комотно. За да го имате „во рака“ памучната облека и пижамите заменети ги со секси чипкаста долна облека.

Во кревет

Доколку не сте во долга врска или пак во брак, тој би сакал да му кажете што и како сакате во кревет, а уште подраго би му било се да му покажете и полека да го поведете, чекор по чекор, до обострано задоволство. Мажите кои се во брак , за спроведената анкета изјавиле дека би биле пресреќни доколку партнерката со нив подели некои од тајните мисли кои ќе ја сузбијат рутината. Однесете го на некое место или пак смислете свое сценарио за љубовна игра.

На почетокот на врската бирате интересни места за водење љубов. Можеби едно од најпосакуваните места е вашата канцеларија. Мажите во брак имаат помалку побарувања. Бидејќи живеете заедно, на нив добро би им дошол сексот кој не е во кујната или пак во собата за дневен престој, каде најчесто се одвиваат кавгите околу ратите за отплата на кредитот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Туристички водач им се обраќа на патниците во комбето.
- Е па господо, комбито вози само до тука, понатаму можат само коњи и магариња, па најљубезно би ве замолил да продолжите...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1221.- Роден е кастилијанскиот крал Алфонсо X...
1531.- Во Капела заврши граѓанската војна во...
1555.- Во Хемниц умре Георг Бауер - Агрикола,...
1831. - Штрајкот на лионските ткајачи прерасна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби