Неверството е опасно по пенисот?!

Научните истражувања сугерираат дека мажите кои изневеруваат го зголемуваат ризикот за добивање фрактура на пенисот, што значи дека неверствата не го повредуваат само „срцето“.

Вонбрачниот секс и сексот кој се случува под необични околности наметнуваат поголем ризик бидејќи луѓето најчесто настојуваат овие ситуации да се случат набрзина, заради нивната понепријатна и ризична природа.

Во студијата предводена од д-р Едру Крамер на универзитетот Maryland Medical Center, се воспоставило дека мажите кои се здобиле со фрактура на пенисот најчесто имале секс на необични локации во времето кога настанала повредата и, што е најкарактеристично, поголемиот дел од нив вршеле прељуба.

Фрактура на пенисот настанува кога ќе напукне мембраната која го обвива сунѓерестото еректилно ткиво на пенисот, кога истиот е во ерекција. Тоа напукнување предизвикува оток, модринки и оневозможува повторна ерекција. Најчесто оваа повреда останува непријавена заради чувство на непријатност и срам.

Додека се вршеле истражувања за третман на фрактурите на пенисот, се направиле и неколку истражувања за тоа како мажите всушност се здобиле со оваа повреда.

Студијата на д-р Кармер е првата од тој вид. Со само 16 случаи на фракрута на пенис, тој ги разгледал околностите на овие повреди кога истите се случиле и извлекол заклучок од тие информации.

Тој сфатил дека само тројца мажи од 16-те кои се здобиле со фрактура на пенисот имале секс со нивните жени во спалната соба, додека половина биле во вонбрачна врска, а останатите 5 практикувале секс на необични места.

Крамер вели дека треба да бидеме внимателни за време на сексот, бидејќи доколку истиот претставува само спорт, тој доаѓа со ризик за многу непријатна повреда.

Мажи, следниот пат кога ќе се заинтересирате за жена што не е вашата партнерка, сетете се дека ова откритие е поткрепено со издржливи научни факти за кои сме сигрни дека не би ви оделе во прилог.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Маж чека во холот на еден хотел. Одеднаш му текнува дека треба да го праша нешто рецепционерот и оди накај него. Во тој момент налетува на една госпоѓа со малку повеќе развиени...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на извидничкото движење
1512.- Во Севилја, Шпанија, умре Америго...
1732.- Роден е Џорџ Вашингтон, прв претседател...
1788.- Во Данцинг е роден Артур Шопенхауер,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби