2020 Volkswagen T-Roc кабриолет

Volkswagen го претставија нивниот нов T-Roc кабриолет, кој на пазарот треба да се појави во 2020-та. Овој модел ќе се најде во сегментот под Evoque во поглед на големината, а кровот ќе биде изработен исклучиво од црн материјал и ќе се отвара со помош на два електрични држачи кои со едно притискање на копче ќе можат да го склопат и расклопат за 9 секунди, при брзини до 30км/ч.

Механизмот за кровот е преземен од стариот Golf кабриолет, со кој T-Roc ја дели MQB платформата.Т-Roc кабриолетот е поголем во споредба со SUV моделот со 5 врати – меѓуоскиното растојание му изнесува 2630мм. (за 40мм повеќе од „нормалниот“ модел), а должината му е 4268мм.

Внатре, кабината ќе биде идентична со онаа од нормалниот T-Roc, со 8-инчен touchscreen дисплеј поставен централно, а како дополнителна опрема ќе може да се додаде 11.7 инчна дигитална инструмент табла.



Во поглед на моторите, основниот модел ќе користи 1.0 литарски 3-цилиндричен TSI бензински мотор со моќност од 115 коњски сили, 200Nm вртежен момент, 6-брзински мануелен менувач, и погон на предните тркала. Помоќната варијанта, пак, ќе има 1.5 литарски 4-цилиндричен турбо бензински мотор со моќност од 150 коњски сили, 250Nm вртежен момент, 6-брзински мануелен менувач и 7-брзински автоматски како дополнителна опција.

Основниот модел ќе го наследи Design тримот од регуларниот T-Roc и ќе има 17-инчни бандажи и делумно кожен тапацир, а на располагање ќе биде и R-Line тримот со спортска опрема, нови 17-инчни бандажи, спортски седишта, и спуштена спортска суспензија.

Цените се очекува да започнат од 27 000 евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...