Ford ја подготвуваат спортската верзија на новиот Puma кросовер кој треба официјално да биде претставен кон крајот на следната година, која е забележана на шпионски фоторафии за време на тестирање.
Иако тест автомобилот е скоро целосно камуфлиран, може да се забележи дека има поголеми тркала од стандардниот Puma модел, двојни издувни цевки, како и дека е пониско до земјата.
Puma ја дели платформата со Fiesta, што значи дека најверојатно ќе го користи погонот од Fiesta ST – 1.5 литарски турбо 3-цилиндричен бензински мотор од околу 200 коњски сили и 290Nm вртежен момент.
Погонот ќе биде на предните тркала преку 6-брзински мануелен менувач, но поради поголемата тежина од Fiesta ST забрзувањето од 0-100км/ч. се очекува да биде поголемо од 6.5 секунди.
Во кабината една од најзначајните промени во однос на стандардниот модел ќе бидат Recaro спортските седишта, додека остатокот ќе биде скоро идентичен со него: 12.3 инчен дигитален инструмент панел, SYNC3 infotainment системот на Ford со 8-инчен touchscreen, и Bang & Olufsen звучен систем со 10 звучници