Ferrari претставија сосема нов модел наречен Roma, 5-тиот нов автомобил откриен оваа година.
Ова купе со мотор поставен помеѓу средината и предницата има опција и за задни седишта, а не личи скоро на ништо од моменталната понуда на Ferrari, а има стил инспириран од дизајните на компанијата од 50-тите и 60-тите.
Погонот на Ferrari Roma e на задните тркала, а има 3.9 литарски турбо V8 бензински мотор со моќност од 620 коњски сили, 760Nm вртежен момент, и 8-брзински автоматски менувач (превземен од новиот plug-in хибриден суперавтомобил SF90 Stradale.
Останатите технички карактеристики сега засега Ferrari ги држат во тајност, а претставен е и изгледот на кабината која има сосема нова архитектура на ентериерот, со командна табла со централен infotainment вертикален екран.
Воланот е исто така превземен од SF90, како и целосно дигитализираната инструмент табла.