„Тесла“ со нов електромобил „Модел 3“ за кинескиот пазар

Компанијата „Тесла“ денеска во Пекинг ја претстави новата верзија на својот електричен автомобил „Модел 3“ за кинескиот пазар.



Како што се наведува во соопштението, надградениот „Модел 3“ има подобар акустичен систем, поудобна внатрешност и дополнителни воздушни перничиња, а сликите од надворешноста на електромобилот покажуваат дека тој има поелегантен преден дел и нови фарови. Стандардната верзија на возилото има самоуправувачко возење до 606 километри, што е за околу девет отсто повеќе од досегот на основниот „Модел 3“.

„Тесла“ не објави подробности за батериите за новиот модел, но познавачи пренесуваат дека тоа е истата батерија „ЛФП“ што се користи во основната верзија.

Поголемиот досег на новата верзија е постигната со намалувањето на тежината на возилото и подобрувањето на неговите својства за помал отпор на ветер при возење.

Почетната цена на возилото ќе биде за 12 отсто повисока од онаа на основниот „Модел 3“. Кина е најголемиот светски пазар за електромобили и втор по големина за „Тесла“ после САД. Ова е првпат американската компанија да претстави нов модел на свое возило во Кина пред тоа да го стори во САД. Во Кина, „Тесла“ се соочува со силна пазарна конкуренција предводена од домашната „БИД“.

„Тесла“ соопшти дека ќе го претстави возилото и во Германија на Саемот за автомобили во Минхен, но сѐ уште не е познато кога новиот „Модел 3“ ќе се појави на американскиот пазар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Како ќе познаеш дека плавуша возела кола?
- Има кондом на мењачот.

* * *
- Зошто плавуша не може да положи возачки испит?
- Секогаш кога инструкторот ќе рече паркирај,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
69.- Приврзаниците на Тит Флавиј Веспазијан, кој...
1639.- Роден е францускиот писател Жан Расин,...
1666.- Умре италијанскиот сликар Гверчино,...
1790.- Руските трупи под командата на Александар...