Fiat ја претстави редизајниранарта верзија на моделот Fiat Sedici за 2012 година, која има освежен изглед и побогата опрема.
Во понудата се два мотора од најновата Euro 5 генерација: бензински 1.6 16v од 120 KS и дизел 2.0 16v од 135 KS кои со ниска емисија на CO2 им овозможуваат на возачите да ја зачуваат животната средина и истовремено да уживаат во високите перформанси. Предвидени се два типа на погон, преден 4X2 и на сите тркала 4x4.
Fiat Sedici MY 2012 достапен е во три нивоа на опрема: Dynamic, Emotion и Experience. Основната опрема подразбира клима уред, ЦД, светла за магла, четири воздушни перничиња и ESP систем против лизгање, додека најопремената верзија на моделот содржи и навигациски систем, ЦД МП3, Bluetooth и приклучок за iPod.
Новина се ретровизорите со металик сребрена боја со интегриран покажувач на правец, електрично подесување и греење. Проширена е палетата со виолетова боја на каросеријата (Purple Rebel), а редизајнирани се и 16 инчните бандажи. Комфорниот ентериер е збогатен со нови материјали.
Fiat Sedici MY 2012 нуди чувство на слобода во возењето при сите временски услови. Доказ за популарноста на овој модел е фактот што од 2006 година до сега се продадени 76.000 примероци, што го прави најпродаван компактен SUV во Италија.