Тјунингот е чудна работа – просечен автомобил може да направи неверојатна машина или фантастичното Ferrari да го претвори во вистинска хорор глетка за очи.
Не ни верувате? Само погледнете го овој Ferrari 360. Џабе му е V8 моторот со 3.600 кубици, 400 KS и погон на задната осовина кога изгледа вака. Едно многу лесно прашање: Дали би го возеле?
До сега Hello Kitty навикнавме да ги гледаме на футролите за мобилни и свеќичките, но вакво нешто да му направите на Ferrari... е тоа е богохулење!
Од издувните цевки, преку ретровизорот, па се до ентериерот на возилото, секаде се излепени мачиња и секаде доминира розовата боја. Ве молиме, фрлете бомба врз него.
Дури и овој Lamborghini Murcielago со леопард принт изгледа попривлечно. Вкусот дефинитивно не се купува со пари.