BMW на мистериозен пат: Нуди нов ѕвер

Навистина се мистериозни патиштата на автомобилската индустрија. На ист ден Renault не фрли во транс претставувајќи го новото Twingo со заден погон, а BMW направи „салто мортале“ со својот прв моновулумен и автомобил со погон на предни тркала.

Дека Баварците изгубија компас знаеме веќе некое време. Најпрвин воведоа некои новитети кои во минатото не беа својствени за нив, за на крај да направат целосен хаос во номенклатурата на моделите.

Зошто овој автомобил се вика серија 2 Active Tourer, а не на пример серија 1 GT, целосно ни е непознато.

Како и да е, автомобилот ќе биде изграден на модуларната платформа која ќе ја дели со третата генерација Mini, а на истата платформа ќе биде и направен наследникот на X1, како и уште пет нови модели на BMW со погон на предните тркала.

За погон на автомобилот ќе биде задолжена палета на турбо троцилиндрични и четирицилиндрични мотори. Тука е 1.5 литрениот троцилиндричен мотор со 136 KS во моделот 218i и 231 KS моќниот дволитрен четирицилиндричен бензинец во моделот 225i. Единствениот дизел доаѓа со познатиот дволитрен common-rail со 150 KS и 330 Nm во моделот 218d.

BMW планира во текот на годината по авто-саемот во Женева да понуди уште неколку мотори, како и оној на интегрален погон xDrive.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Плавуша влегува во продавница.
- Дај те ми розева тоалетна хартија.
- Имаме само бела.
- Не сакам, розева помалку се валка.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1791.- Роден е Мајкл Фарадеј, англиски физичар и...
1792.- Во екот на војната со контрареволуцијата...
1862.- Американскиот претседател Абрахам Линколн...
1933.- Во Париз почна Светскиот младински...