Празниците со себе носат обилни оброци и многу торти и колачи. После сета таа храна на желудникот му е потребна помош да се врати во форма.
Поради прекумерното консумирање храна и маснотии многу луѓе после празниците имаат проблеми со желудникот и цревата. Решението за овој проблем е киселата зелка.
Таа содржи многу витамин Ц кој е мошне корисен за нашето тело. И желудникот содржи свои бактерии кои помагаат во варење на храната, но после празниците тие се иритирани и им треба малку помош. Консумирајќи кисела зелка организмот добива поддршка во градењето на цревната флора и полесно ги исфрла непотребните материи.
Освен витамин Ц и бактерии на млечната киселина во киселата зелка има и витамин Б12. Оваа комбинација од витамини е одлична за добро расположение, здрави коски и срцев мускул. Киселата зелка е богата и со витамин Б6 за преработка на белковини и Б3 кои се задолжени за правилна работа на мозокот.
Таа содржи и цинк, кој е мошне корисен за зајакнување на имунитетот, особено во сезоната на настинки и вируси.