Правите сè за да ослабете – се храните здраво, вежбате, но имате бавен или воопшто никаков прогрес што ве тера да се запрашате што правите погрешно.
1) Претерувате со здравата исхрана
Прва работа што секој ја прави кога се обидува да ослабе е да направи „залихи“ од здрава храна, но проблемот е што дури и таа може да биде премногу калорична во големи количини – а полно луѓе сметаат дека само поради тоа што е здрава, можат да ја консумираат во неограничени количини. Најважно за да слабеењето е успешно е да се биде во калориски дефицит, односно да се внесуваат помалку калории дневно отколку што му се потребни на организмот за да нормално функционира, а таа бројка обично е околу 1500 за жените (2000 за одржување на тежината) и 2000 за мажите (2500 за одржување).
2) Внесувате премалку калории
Иако е важно да сте во дефицит, доколку внесувате премалку калории ќе ги саботирате напорите за слабеење бидејќи тоа може да го забави метаболизмот и телото да почне да создава масни наслаги за да преживее бидејќи смета дека гладувате. За тоа да не се случи, потребна е балансирана исхрана со доволно протеини, зеленчук, здрави масти и цели црна.
3) Ги избегнувате маснотиите
Масната храна е калорична но тоа не значи дека треба целосно да ја избегнувате, бидејќи не внесувањето масти доведува до константна состојба на глад и лоша контрола на шеќерот во крвта. Бидејќи со храната која содржи здрави масти (ореви, авокадо, маслиново масло и сл.) е лесно да се претера, внимавајте да останете во рамките на дозволениот дневен внес на калории – за што нутриционистите препорачуваат некоја од многуте апликации за смартфон кои ја имаат таа функција.
4) Не пиете доволно вода
Неадекватната хидратација негативно влијае на губењето тежина, бидејќи недостатокот течности често пати се меша со чувството на глад. Пиењето доволно вода е и од клучно значење за дигестивниот систем, а колку поинтензивно вежбате толку повеќе вода мора да внесувате.
5) Не спиете доволно
Недостатокот од сон го зголемува нивото на кортизол во телото, т.е хормон на стрес кој му сигнализира на телото да ја конзервира енергијата, што доведува до тоа телото да го задржува вишокот масти. Затоа, се препорачуваат најмалку 7 часа спиење навечер.