Костени - хранливи и одлични за слабеење

Миризбата на печени костени веќе со недели се шири низ улиците и им дава посебна магија на есенските денови. Изобилството на витаминот Ц и малиот процент на масти се само дел од причините зошто редовно треба да ги консумирате овие плодови.



Вредните својства на питомиот костен се признати од гастро експертите, кои ги препорачуваат како главна состојка на многу јадења, додека пак дивите костени кои не се јадат, наоѓаат голема примена во лековитата медицина.

Ви претставуваме неколку причини зошто овие вредни плодови треба да ги вклучите во секојдневното мени и во вашата домашна аптека.

- Богатството на витаминот Ц и малиот процент на масти се карактеристики кои ги издвојуваат костените од останатите плодови од оваа фамилија. Фактот што костенот содржи помалку од 70 калории на 30 грама, го прави идеална намирница за слабеење.

- Карактеристични ги прават и фолатите со кои изобилуваат, поточно витаминот Б9, кој е заслужен за формирање на црвени крвни зрнца и синтеза на ДНК.

- Овој есенски плод е извор на растителни влакна, што помага во намалување на нивото на холестерол во организмот. За да ја задоволите дневната потреба на витамини и минерали, се препорачува внес од 85 грама. Консумирајќи костени, во организмот ги внесувате потребните елементи магнезиум и фосфор, кои се важни за коските, како и калиумот, кој го балансира нивото на натриум, срцевите отчукувања и крвниот притисок.

- Костените не содржат глутен, заради што имаат стекнато голема популарност во безглутенската исхрана која има сè повеќе следбеници. По својот состав, содржат најголем процент на скроб, што ги прави послични со пченката и компирот, отколку со сродните јаткасти плодови.

- Дивиот костен не се јаде, но има низа лековити својства. Чајот од диви костени успешно ги ублажува симптомите на астма и бронхитис, а како главна состојка на кремите, идеални се за лечење на проширените вени, како и во борбата против целулитот. Екстрактот од семки од дивиот костен поттикнува подобра снабденост на кожата со кислород и хранливи материи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе кај селскиот поп со намера да се исповеда за гревовите и му вели:
- Прости ми попе, сум грешел.
- Каква мака имаш синко -
му вели попот на Трпе
- Ја изневерив жена...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1943.- Радио Алжир ја објави капитулацијата на...
1943.- Ослободен е Дебар.
1944.- Ослободени се Пробиштип и Крушево.
1949.- Умре Рихард Штраус, германски композитор...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби