Со мала промена во исхраната до понизок крвен притисок

Намалувањето на само една лажичка сол дневно од вашата исхрана може да доведе до подобро здравје на срцето за само една недела, сугерира едно ново истражување.



Според мала студија објавена на 11 ноември во JAMA, Журналот на Американското медицинско здружение, утврдено е дека скромното намалување на натриумот во исхраната го намалува крвниот притисок исто како и лековите.

Истражувачите од Медицинскиот центар на Универзитетот Вандербилт ги разгледале податоците од 213 луѓе на возраст од 50 до 70 години од Чикаго и Бирмингем за да видат дали количината на сол што ја имале во нивната исхрана може да влијае на нивниот крвен притисок. На учесниците по случаен избор им била доделена една од двете диети: еднонеделна диета која била богата со натриум (2.200 mg на ден, консумирана во форма на две коцки бујон, како додаток на нивната вообичаена исхрана) или со ниска содржина на натриум (само 500 mg дневно). После една недела испитаниците се префрлиле на спротивната диета.

Истражувачите откриле дека исхраната со помалку натриум доведува до големи намалувања на крвниот притисок во споредба со исхраната со висока содржина на натриум, но и во споредба со вообичаените диети на учесниците. Резултатите остануваат исти без разлика дали учесниците земале лекови за крвен притисок или не.

-Откривме дека 70 до 75% од сите луѓе, без разлика дали веќе земаат лекови за крвен притисок или не, веројатно ќе забележат намалување на нивниот крвен притисок ако го намалат натриумот во нивната исхрана, вели Норина Ален, професорка по превентивна медицина на Медицинскиот факултет Фајнберг.

Дури и луѓето со нормален крвен притисок на почетокот на студијата забележале подобрувања. Одржувањето на здрав крвен притисок е мошне важно за намалување на ризикот од срцеви заболувања и срцев удар бидејќи хипертензијата може да предизвик стрес и оштетување на крвните садови, срцето, па дури и на други органи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1751.- Роден е англискиот писател и политичар од...
1762.- Роден е францускиот писател Андре де...
1830.- Умре српскиот писател Петар I Петровиќ...
1839.- Роден е францускиот сликар од англиско...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби