Премногу пробиотици не се здрави за телото

Од рамнотежа на бактериите во цревата до одржување стабилна телесна тежина, придобивките од пробиотиците и нивната поврзаност со здравјето на системот за варење се наметнуваат со години. Нови наоди, сепак, покажуваат дека премногу пробиотици може да предизвикаат непријатности.



Имено, прекумерната употреба на добри бактерии може да резултира со наталожување такви бактерии во тенкото црево. Тоа потоа е причинител на дезориентација, надуеност и болки во стомакот. Во неодамна објавено испитување на Медицинскиот факултет на Џорџија при Универзитетот во Августа што опфатило 300 пациенти кои земале пробиотици, 122 лица пријавиле надуеност, проблеми како збунетост и со концентрирањето. Некои испитаници рекле дека нивната дезориентација и губење на когнитивните способности траеле од половина час до неколку часа после оброкот, и биле толку тешки што морале да си заминат од работа.

- Истражувачите најдоа големи колонии на бактерии коишто се размножуваат во тенкото црево на пациентите, но и високи нивоа на Д-млечна киселина што се создава кога бактериите лактобацил ферментираат шеќери од храна, изјави д-р Сатиш Рао, стручњак за неврогастроентерологија.

Познато е дека Д-млечната киселина е штетна за мозочните клетки. Истражувачите откриле дека некои пациенти имаат два до три пати поголема количина на Д-млечна киселина во крвта.

Иако пробиотиците се повеќе од корисни во некои случаи, истражувачите советуваа да се внимава на можна прекумерна и неконтролирана употреба.

- Пробиотиците треба да се земаат како лек, а не како додаток во исхраната, истакнува д-р Рао.

Лекарот напомнува дека би било добро, наместо капсули со чисти пробиотици, да се користат и намирници коишто имаат пробиотик-ефект, како што се темното чоколадо, јогуртот, киселата зелка и, особено - кефирот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1751.- Роден е англискиот писател и политичар од...
1762.- Роден е францускиот писател Андре де...
1830.- Умре српскиот писател Петар I Петровиќ...
1839.- Роден е францускиот сликар од англиско...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби