Споделувањето на десертот ја зајакнува емоционалната врска

Споделувањето на десертот може да го зајакне чувството на блискост во љубовта, посочува ново истражување објавено во американското научно списание „PubMed”.



Оние ситни мигови на битка за последното парче чоколадо во чинијата, проследено со насмевки и шеги меѓу двајца во врска - имаат подлабоко значење отколку што тоа изгледа на прв поглед, сметаат научниците. Имено, во таквиот миг се ослободува серотонин и окситоцин, хормони во човековото тело што го зголемуваат чувството на задоволство, среќа и блискост. Секој заеднички залак е повеќе од вкус - ја зајакнува врската, се вели во написот.

Психолозите долго време ја проучуваат благотворноста од заедничкиот оброк, па истражувањата потврдуваат дека споделувањето храна, а особено слатките ја зајакнуваат емоционалната врска.

Интересно е тоа што научниците истото го забележале и кај шимпанзата, кои исто како и луѓето, ја делат храната со своите најблиски единки. Имено, друго истражување објавено во списанието „Proceedings of the Royal Society” покажа дека шимпанзото кое споделува оброци со своите блиски од опкружувањето, има поголема приврзаност кон тие единки, исто така - поради зголеменото ниво на окситоцин.

Споделувањето храна отсекогаш било симбол на доверба и блискост, а тоа, се чини - особено важи за слатките задоволства. Обичен миг исполнет со чоколадо, се вели, ќе се претвори во спомен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Нилскиот коњ решил да оди накај океанот. Тргнал по реката и одел, одел се додека реката не се раздвоила. Тука застанал, видел некој алигатор и го прашал:
- На кај е океанот?
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на книгата за деца
742.- Роден е францускиот цар Карло Велики, кој...
1724.- Роден е италијанскиот авантурист Џовани...
1792.- Озаконет е доларот како парична единица...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби