Дознајте нешто повеќе за печурките

БЕРЕЊЕ

Потрагата по печурки и нивното берење во природата претставува своевидно задоволство и хоби. Нема ништо лошо во берењето печурки во природа и покрај сите предупредувања на еколозите, секако, под услов тоа берење да се врши на цивилизиран, а не на вандалски начин. На природниот амбиент не му се прави никаква штета со берење на печурките доколку се почитуваат начините на берење и однесување во шумата. Ако ги избереме оние вистинските и ги береме на соодветен начин, нема да им ја уништиме шансата на овие билки повторно да се појават на истото место.

Како прво, треба да се знае дека печурките главно растат после подолг дождлив период, после кој деновите се топли и без ветер, затоа треба и да се одберат краиштата со ваква клима. На секој берач му се потребни соодветни чевли за одење по планина, пантолони од некој подебел материјал, кошула со долги ракави и јакна од импрегнирано платно, со капа, за случај на изненадни дождови. Не треба да се заборави ниту соодветно ноже, торба во која ќе се собираат печурките, серум против каснување од змија и еден стап.

Кога ќе стигнете во шумата, важно е да знаете да препознаете поволно место за берење. Ако забележите дека е топло и дека е ниска влажноста на воздухот, тоа значи дека печурките треба да се бараат повеќе во северните повисоки краеви, додека, ако има ветер, печурките треба да се бараат во долините. Ако е многу ладно и паѓа дожд, треба да се појде до некоја висорамнина свртена кон јужната страна. Меѓутоа, не се сите шуми соодветни за видот на печурки кои ви се потребни. Кај повеќето печурки всушност најпрво е потребно да се утврди видот на дрво под кое растат. На пример, вргањот претежно расте, во зависност од видот, под елки, буки, дабови, костени и лешници. Обично, доколку во сезоната нема поголеми временски осцилации, половината на септември претставува идеален период за собирање печурки, особено во зоните во кои растат ариш, костени под кои се простира голема тревна површина, потоа во населбите со брези и буки. Во топлите краишта, во кои наидуваме на поголеми концентрации на дабови и борови, со собирањето на печурки треба да се започне во втората половина на септември.

Кога конечно ќе го откриете теренот со печурки, треба да обрнете големо внимание на нивниот изглед и со тоа и нивната употребливост. Пред да им се приближите, со стапот треба малку да „пробуричкате“ околу местото каде што се наоѓаат печурките, за да не бидете изненадени од присуството на „несакани гости„, змии. Исто така, не треба многу време да се задржувате околу примероците со печурки кои не се доволно развиени, кои се мали и кои сè уште се наоѓаат во процес на созревање. Истото се однесува и на оние кои се презреани и кои повеќе не се добри за јадење. Нив обично ќе ги препознаете по присуството на црви во нив. Не е добро ни да се копа, во потрага на плодот под земја, затоа што така може да го уништите коренот на растението и ќе го прекинете неговото понатамошно растење. Примероците кои сте ги набрале треба да ги ставите во торба или корпа во кои претходно сте ставиле прачки од врба или големи влажни листови. Никогаш немојте да користите пластични кеси, затоа што тие го забрзуваат времето на распаѓање на хранливите делови на печурката.

Има многу малку печурки кои можат да се јадат сирови. Основно правило е да се испржат во тава без капак, за да може да испари водата и природната вода која се насобрала во печурките. Ако печурката е млада и здрава, може да се јаде цела: се отстрануваат оние делови кои се жилави или тврди. Покрај сите рецепти за подготвување на печурки, постои еден основен рецепт кој овозможува да се вкуси она што ја краси секоја печурка. Печурките во дебели слоеви се редат во тава или на дното од плитко тенџере, заедно со масло и путер, ситно сечкан лук, бибер и сол. Тогаш се става на оган и се пржи се додека не испари целата вода од нив. На крајот треба да се додаде ситно сечкан магдонос. Ова е основе рецепт на кој можат да се надоврзат сите останати (се додава домат, павлака, супа...) или се придодава на квалитетот на вкусот, со помош на кромид, мешан зеленчук, босилок, жалфија, оригано...

накусо:

1. Прегледајте ги грмушките: грмушките на смреките и папратите се пријатели на печурките. Барајте ги во нивна близина.

2. Кога ќе ги најдете првите примероци, продолжете да барате на места еднакво изложени на сонце и прекриени со слични грмушки.

3. Подобро е да ги барате кога се качувате по ридот, затоа што печурките се кријат под корените кои се наоѓаат над земјата па симнувајќи се надолу потешко се гледаат.

4. Ценетите ливадски печурки и годат на тревата, која на тие места е со поголема густина и со поинтензивна боја. Погледајте оддалеку дали има кругови или ленти со потемна трева и барајте ги на тие места.

5. На местата каде што има пупавка по правило има и вргањ.

6. Кога листовите ќе паднат, барајте ги по рабовите од патеките. На местото каде што ќе пронајдете печурка, побарајте со рацете по листовите во околината, затоа што тука мора да има уште печурки.

7. Доколку е ладно барајте ги покрај ѕидовите.

8. Ако се наоѓате на тревна стрмнина опкружена со шума, барајте покрај рабовите доколку има влага и на рабовите од надолнините, доколку има малку влага.

Како се подготвуваат

Печурките треба да се очистат и да се сварат веднаш после берењето: со секој изминат час губат од квалитетот, а ако ги чувате предолго може да станат и штетни.

- Отстранете ја земјата и лошите делови

Со помош на шилест нож, со кратка и мазна острица, отстранете ги остатоците од земја, борови иглички и листови, кои се нафатиле на телото и шапката и помеѓу ливчињата. Ако телото е издупчено или нагризено од паразити, треба да се отстрани целиот оштетен дел. Фрлете ги и телата натопени со вода и дрвенестите и премногу влакнестите. Венецот на шапката е еден од највкусните делови и не треба да се отстранува.

- Потопете ги во ладна вода

Најнапред цели ставете ги во ладна вода, потоа брзо исплакнете ги под млаз вода и очистете ги со нож.

Ако не планирате да ги јадете веднаш, после миењето исечете ги и сварете ги до половина. Така можете да ги чувате неколку денови а да не се расипат, или пак да станат штетни.

ЈАДЛИВИ ПЕЧУРКИ


Јaјчарка - (Amanita caesarea)

Кога и каде се наоѓа: расте поединечно или во мали групи во светлите листопадни шуми и на чистинки, а почеста е во топлите краишта. Се јавува во лето и есен.

Изглед: шапката е портокалова или црвена. Ливчињата и дршката се жолти. Дршката при врвот има жолт ракавец, а при дното бел кожест завој.

Внимание: Отровната мувоморка е слична кога ќе остари, кога ќе и отпаднат крлушките, но дршката и ливчињата се бели.



Висока мастилавка - (Coprinus comatus)

Кога и каде се наоѓа: тоа е честа печурка по рабовите на шумите, по парковите, наѓубрените или искосените ливади; расте од април до есен.

Изглед: младата шапка е во облик на јајце и е бела, а подоцна се издолжува до 20 см висина, спрема надвор бргу се покрива со завиткани реси. Во почетокот ливчињата се бели, а врвот станува светлокафеав и сјаен. Дршката е бела, носи ниско слободно венче, кое набргу отпаѓа.

Внимание: Брзо пропаѓа и се претвора во темна течност. Треба да се јаде млада, кога е одлична, погодна за разни јадења, кои бргу се подготвуваат. Ако ја променила бојата или почнала да се распаѓа повеќе не е за јадење.



Бисерка - (Amanita rubescens)

Кога и каде се наоѓа: честа печурка, која расте по шумите, во лето и на есен.

Изглед: младата шапка е полутркалеста, потоа расте рамномерно, отворена или рамна. Ретко е блузнава, а често е со светло црвеникавокафеава до темно кафеава боја. Покриена е со неправилни остатоци од обвивката, кои дождовите лесно ги измиваат. Белото стебленце на горниот дел има широко, обесено наребрено венче. Белото месо при чистењето поцрвенува.



ОТРОВНИ ПЕЧУРКИ

Зелена пупавка - (Amanita phalloides)

Кога и каде се наоѓа: многу е честа во сите шуми, најчесто под дабовите и буките, од јули до ноември.

Изглед: младата шапка е јајцевидна, подоцна се отвора и станува конвексна. Најчесто е светло маслинестозелена, но може да биде жолта или дури и бела. Ливчињата

секогаш се бели, таква е и дршката, но со бледозелен мраморен цртеж. При тлото е задебелена, со остатоци од белузнавиот завој. Во горниот дел има кожесто истргнато венче, не ретко обесено за шапката.

Внимание: непријател број 1, бидејќи зелената мувоморка има усмртено најмногу луѓе. Возрасен човек може да го убијат само 5 дгр. зелена пупавка!



Бела пупавка - (Amanita verna)

Кога и каде се наоѓа: за среќа, ретка е, а расте во сончевите белогорични шуми, најчесто на варовничко тло. Од пролет до есен.

Изглед: шапката е бела или малку кремава, малку кафеава во средината, мазна. Ливчињата и дршката се бели. Под шапката виси висечко венче, а при тлото дршката има бел опнест завој.

Внимание: смртоносна!



Портокалова муварка - (Amanita muscaria)

Кога и каде се наоѓа: расте во црногоричните и белогоричните шуми, најчесто под омориките, често во групи.

Изглед: младата шапка е куглеста и покриена со бели остатоци од завојот, кои остануваат видливи и кога ќе се рашири шапката и станува сјајно портокалова до силно црвена. Густите бели ливчиња не се прираснати за дршката која, исто така, е бела. На горниот дел носи закачено набрано венче, а при тлото е задебелена, со брадавичави остатоци од завојот.

Внимание: отровна!


СОВЕТ ПОВЕЌЕ

Јадете само печурки кои добро ги познавате или можете да ги препознаете! Во спротивно посоветувајте се со стручњак.

Или не ги берете!


РЕЦЕПТИ


ЧОРБА ОД ПЕЧУРКИ

Состојки: 200 грама печурки, 50 грама путер или масло, 50 грама кромид, 1 лажица црвен пипер, 2 лажици брашно, 2 децилитри кисела павлака, першун, сол, мелен црн пипер, лута пиперка по вкус

Кромидот се лупи, се иситнува и се динста на масло или путер додека не омекне. Се додаваат измиените и исечкани на листови печурки, се посолува, се додава бибер и першун и се остава да се динста на силен оган околу 5 минути-додека не испари течноста. Потоа се додава брашно и малку се пропржува, црвен пипер и сето тоа се залева со 8 децилитри вода, се додава павлака и се остава да вари уште неколку минути.


САЛАТА ОД ЛИСИЧАРКИ

Состојки: 500 грама помали лисичарки, 2 страка мајчина душица, 4 листови од босилек, 4 филети сардина од конзерва, 1 чешне лук, сок од еден лимон, една кафена шолја маслиново масло, сол, першунов лист.

Лисичарките исчистете ги, измијте ги и исцедете ги.Пет децилитри вода зачинете со сол и мајчина душица и оставете да зоврие. Потоа варете уште пет минути на умерена температура. Тогаш додајте ги печурките и варете уште пет минути, а потоа исцедете ги и оставете ги да се оладат.

Филетите од сардина исцедете ги и во нив додадете го истолчениот лук, босилекот и лимоновиот сок. Додадете ги маслиновото масло, лисичарките и добро измешајте.

Пред сервирање зачинете со першун.

МАРИНИРАНИ ПЕЧУРКИ

Состојки: 500 грама шампињони, 2 децилитри вино, 1 децилитар маслиново масло, сок од половина лимон, два листови ловор, 10 зрна бибер и сол.

Исчистете ги печурките и исечете ги на парчиња. Измешајте го виното со еден децилитар вода, масло и лимонов сок и додадете ги зачините. Оставете да вари. Кога ќе зоврие, ставете ги печурките и варете ги на тивок оган 15-тина минути. Оладените печурки ставете ги на чинија за салата и прелијте ги со малку маринада.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден против потрошувачка грозница.
8.п.н.е.- Умре римскиот литерат Хорациј,...
1570.- Умре италијанскиот архитект и вајар...
1701. - Во Упсала е роден Андерс Целзиус,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби