|
|
|
Јаболкото добро за белите дробови Консумирањето едно јаболко дневно ја подобрува работата на белите дробови, истакнуваат англиските истражувачи. Според тврдењето на научниците од медицинското училиште при болницата „Сент Џорџ“ во Лондон, земањето на најмалку пет јаболка неделно ја подобрува работата на белите дробови. Тие истакнуваат дека ова овошје содржи високо ниво на антиоксидансот флавоноид познат како керцентин, кој помага во заштитата на белите дробови од штетното дејство на загадувачите на околината и чадот од цигарите, се вели во текстот објавен во списанието „Торакс“. Керцентинот исто така се наоѓа во лукот, чајот и во црното вино. Истражувачите од 1979 година до денес ги проучувале диетите со јаболко и ја мереле работата на белите дробови кај 2.500 мажи на возраст помеѓу 45 и 59 години, кои живеат во Велс. По пет години, ја споредиле измерената способност на дишење на секој од нив и утврдиле позитивна врска меѓу функционирањето на белите дробови и бројот на јаболката внесени во текот на една недела кај Велшаните во средните години. По разгледувањето на другите фактори, како што се пушењето, телесната тежина и физичката активност, кои исто така влијаат врз дишењето, истражувачите ја откриле врската меѓу внесувањето јаболко и подобрувањето на работата на белите дробови. Оваа поврзаност е независна од внесувањето на витамините Е и Ц, па затоа тоа би можело да се објасни со присуството на други антиоксидансни состојки во јаболкото, какви што се флавоноидите, заклучиле истражувачите од болницата „Сент Џорџ“ во Лондон.
|
|
|
|
 |
|
 |
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
 |
Виц на денот |
|
Маж и жена живеат на пуст остров многу години. Еден ден уште еден маж доживува бродолом и доаѓа на островот. Мажот и жената се пресреќни поради неговотодоаѓање, зашто ќе можат да... |
|
|
 |
Состојба на патиштата |
|
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На... |
|
|
 |
Верски календар |
|
|
|
 |
На денешен ден |
|
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...
|
|
|
 |
Хороскоп |
|
|
 |
|