Диети кај децата имаат контра ефект

Научниците од универзитетот во Пенсилванија утврдиле дека децата и нивните родители се многу свесни кога малечките почнуваат да се дебелеат, но не го знаат најдобриот начин за слабеење. Имено, девојчињата кои од петтата година покажуваа склоност кон дебелеење, од деветтата година од животот родителите ги ставаат на диета, но набргу констатираат дека наместо да слабеат, тие добиваат на килажа.

Џенифер Шанк и Лин Берч, чија специјалност се диетите, направиле истражување врз 153 девојчиња. Оние кои сметале дека имаат вишок на килограми, се обидувале со најразлични диети да ги намалат, но наместо да слабеат, станувале покрупни. Колку повеќе станувале несреќни поради додавањето килограми, толку погрчевито се фрлале на диети, но без успех. Студијата ги потврдила наодите на некои постари истражувања во кои се наведува дека колку повеќе се трудат да ја контролираат тежината, толку повеќе се почести случаите на дебелеење.


„Дури и во претшколските установи, пред да се јави итната потреба за ограничување на количината на храна, мајките со начинот на готвење се обидуваат на девојчињата да им го ограничат пристапот до гурманска и вкусна храна. Тоа може кај децата да создаде навика за претерано земање на храна“, велат Шанк и Берч.

Семејствата кои спаѓаат во средната класа посебно се трудат на децата да им забранат да грицкаат пред ТВ екраните или додека читаат книга, бидејќи не сакаат да имаат полнички деца.

„Сепак, пред да се создаде навика за умереност, овој начин на исхрана може да предизвика нерегулирано прејадување. Наместо тоа, родителите и самите пред децата треба да демонстрираат здрав пристап во исхраната и да практикуваат умерени физички активности“, заклучуваат истражувачите и додаваат дека родителите може да помогнат така што на девојчињата ќе им забранат да јадат се и сешто, особено често да јадат брза храна.

(Д.Т)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Ѕвони телефонот...
- Ало, Игорче ти ли си ?
- Да тетто, јас сум.
- Мајкати дома ли е ?
- Во купатило е, се бања.
- А татко ти ?
- И он е во купатило.
- А ќе излезат ли брзо...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1777.- Роден е рускиот цар Александар Први...
1790.- Роден е францускииот ориенталист Жан...
1804.- Роден е францускиот писател Шарл Огистен...
1810.- Роден е германскиот египтолог Карл Ричард...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби