Дали мајчиното млеко е идеална храна за бебињата?

За карактеристиките на мајчиното млеко се вели дека има идеален однос на вода и сува материја.

Мајчиното млеко е идеална храна која според составот и хранливата вредност во целост е прилагодена на бебето, вели за Вијести специјалистот педијатар др. Вера Јанковиќ, зборувајќи за предностите на доењето во однос на вештачката исхрана.

Таа потенцира дека мајчиното млеко е богато и со имуноглобулини и претставува совршена заштита од инфекции.

- Почетното мајчино млеко се смета како прва вакцина на бебето, наведува др. Јанковиќ.

Таа истакнува дека покрај тоа што бебињата кои цицаат поретко се разболуваат, помалку заболуваат од алергиски болести или пак тие се појавуваат подоцна.

- Не треба да се заборави ни економската предност, мајчиното млеко е поевтино од вештачкото и тоа многу, вели др. Јанковиќ.

На прашањето до кој месец треба да се дои бебето, таа вели дека светските препораки се дека бебето треба да се дои 6 месеци, без додавање на други видови на храна и пијалаци.
- По тој период се воведува немлечна исхрана, а доењето продолжува па макар до првата година од животот, а препорачливо е и по тој период.

За карактеристиките на мајчиното млеко вели дека има идеален однос на вода и сува материја.

- Тоа се мали молекули прилагодени на варењето и ресорпцијата во младиот и несозреан гастринтестинален тракт на бебето, наведува др. Јанковиќ, потенцирајќи дека колку и да се трудиме со технологијата да направиме вештачко млеко исто како мајчиното, во тоа не може да се успее во целост.

- Некои материи можат да се произведат само по природен пат, а никако да се синтетизираат по вештачки пат, вели таа.

Исто така таа истакнува дека мајчиното млеко секогаш е спремено хигиенски и термички, додека вештачкото мора да се прави и лесно може да се отстапи од нормалата.

- Телесната тежина на бебе што се дои е идеална, а бебе што прима вештачка храна често почнува да се здебелува, вели др. Јанковиќ.

Среќни и задоволни бебиња

Мајчиното млеко не е само важно за физичкото здравје на бебето, тоа влијае и на неговото психичко здравје.

- Тоа не е само храна, туку и емотивна блискост и сигурност. што го покажаа и истражувањата, дека такви деца се постабилни и посигурни во себе. Покрај емотивната стабилност, таквите деца се и поинтелигентни поради една аминокиселина која е потребна за развој на мозокот, а која ја нема во вештачкото млеко. Бебињата кои цицаат мајчино млеко, поради целата благосостојба која тоа им го донесува, се среќни и задоволни и имаат добри предиспозиции да бидат такви и кога ќе станат возрасни луѓе, вели др. Јанковиќ.

За тоа колку пати дневно треба да се дои бебето и колку долго, неонатологот др. Енвер Лекиќ вели дека за успешно доење, покрај оптималното здравје на мајката и детето, важни се предусловите за првиот подој во текот на 2 часа по породувањето, што почесто доење на барање на бебето и негување на ноќно доење на бебињата.

- Не треба да се гледа на часовник, ниту стриктно да се придржувате на временските интервали меѓу две доења. Во првата недела по породувањето создавањето на млекото најмногу зависи од доењето, вели др. Лекиќ.

- Стимулацијата со доење и количеството на млеко која се празни ја зголемуваат количината и брзината на создавање на ново млеко. На тој начин бебето моделира производство на млеко според своите потреби, наведува таа.

Потенцира дека бројот на доењата во првата недела по раѓањето може да биде од 6 до 10 пати, од 2 до 4 недели 6-8 пати, во вториот месец 6 пати, од 3 до 4 месеци 5-6 пати, во 5-6 месеци 5 пати, до 12 месеци 4 пати. - Траењето на доењето зависи од количината на млекото и брзината со која тече, силината и будноста на бебето, па може да трае од 10 до 30 минути, вели Лекиќ.

- Бебињата со помала телесна тежина цицаат бавно, па доењето може да трае и 45 минути, нема правила. Секое бебе има индивидуални потреби на број на доења и време на траење на доењето, вели таа.

Др. Лекиќ истакнува дека мајките кои дојат побрзо зајакнуваат од породувањето, имаат помал ризик од постпартална хеморагија, поретко заболуваат од постпартална депресија, имаат намален ризик да заболат од пременопаузален карцином на дојка и јајници, поретко заболуваат од остеопороза. Доењето исто така, донесува помал ризик од анемија, а и подобра контрола на телесната тежина по породувањето.

Најчести предрасуди

- Во пракса многу често и лесно се донесуваат индивидуални одлуки за додавање на замена на мајчино млеко без оправдани медицински индикации и реални потреби, вели др. Лекиќ.

Таа потенцира дека доењето не е лесно. Потребно е желба за доење, да се има вистинска информација и сознанија за сите бенефиции на доењето за своето бебе, поддршка на сопругот и семејството, како и поддршка на општеството преку државни проекти кои поттикнуваат и помагаат исклучиво околу доење на дете од неговото раѓање. Таа истакнува дека постојат многу заблуди кои се однесуваат на доењето, такви кои лесно се надминуваат па се до тие од кои тешко се откажуваме.

- Така често се сретнуваме со - млекото може ненадејно да исчезне, во помали гради се создава и помалку млеко, ако доите често млекото може да исчезне, ако бебето се дои ноќе тогаш ќе имате малку млеко, доењето на дете на 12 месеци нама никаква смисла, децата кои долго цицаат се врзуваат за мајката и не се сигурни.

Др. Лекиќ вели дека и реченицата - мама нема млеко - е честа.

- Потоа по прекинот на доењето доаѓа до големи проблеми со воспаление на млечната жлезда, апцес и потреба за антимикробна терапија или дури и хируршка интервенција.

Без поддршка - ноќен кошмар

За своето искуство кога се работи за доењето, за Вијести се согласи да зборува Александра Вујисиќ и вели дека една од најубавите и најздравите работи за мајката и бебето може многу лесно да се претвори во ноќен кошмар, посебно ако живеете во Црна Гора, каде недостасува стручна помош и поддршка, а дури и по првите денови поминати во болница по породувањето ве учат дека бебето мора да се дохранува со вештачко адаптирано млеко.

- Тоа што ни се случи нас е класична приказна на млади родители. Го донесовме бебето од болница, јас го имав првото млеко колострум, бебето беше навикнато да добива млеко од шишенце, па не влечеше како што треба, плачеше и беше нервозно, нас не фаќаше паника, а доаѓаше ноќта, вели Вујисиќ.

- По неколку дена со постојано читање за доење, постојана помош од пријателките, појдов до педијатар секако во приватна ординација, кој ме убеди дека со бебето се е во ред, дека на доењето треба малку повеќе време и да продолжам како што сум почнала, вели таа.

Таа наведе дека работите навистина можат да се искомплицираат посебно ако слушате приказни од комшивки, стрини, па за жал и некои медицински лица, за тоа дека немате доволно млеко или дека тоа не е квалитетно.

- Прочитав обемна литература, сега знам дека мајката секогаш има доволно и дека нејзиното млеко е најдобра работа за бебето. Ова за жал не важи за жени со одредени здравствени проблеми, вели Вујисиќ, наспоменувајќи дека сепак би било убаво тоа да го слушнела од медицинските сестри на акушерство. - Наместо прекорниот поглед што го добив и констатацијата дека немам млеко, кога барав бебето да не ми го дохрануваат пред доење.

Светска недела на доење од 1 до 7 август

Светската недела на доење се одбележува 20 години во 150 земји во светот, првата недела од август. Здружението Родители, неделата на доењето ќе ја одбележат во сабота на 4 август во детскиот парк во Крушевац, кога заинтересираните ќе имаат прилика да разговараат со експерти од областа на педијатрија, неонатологија, онкологија и пенатрална нега.

Тема на гидинешната Светска недела на доење е 10-годишницата на Стратегијата за исхрана на мали деца и бебиња на УНИЦЕФ и СЗО, која се смета пресудна во зголемување на стапката на доење на децата. Само 36,5 отсто бебиња во светот се доени до навршени 6 месеци. Во Црна Гора само 18 отсто.

Многу земји се уште не усвоиле или не вовеле национална стратегија за исхрана на деца и бебиња, така целта на овогодишната акција е свртување на вниманието на владите кон воведување на вакви регулативи.

Во текот на Неделата на доењето, тоа здружение на Клиничкиот Центар на Црна Гора и здравствените домови ќе врачи постер со 13 факти за доењето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Шанкер ја прашува келнерката:
- Зошто касниш?
- Ужасно беше. Си доаѓам јас на работа кога на сред улица гледам ужасна сообраќајна несреќа. Човек лежи на тротоарот исфрлен од...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби