Кремастите филови и крцкавата кора ќе ги освојат сите ваши сетила.

Потребни состојки:
- 18 јајца
- 300 гр. мелено ореви
- 36 лажици шеќер
- 3 лажици презла
- 3 лажици брашно
- 500 гр. шеќер во прав
- 5 пакетчиња капучино
- 2 маргарина
- 500 мл. слатка павлака
- 4 кесички шлаг
Подготовка
1. Испечете три кори од по 6 белки, 100 гр. мелени ореви, 12 лажички шеќер, една лажица брашно и лажица презла.
2. Првиот фил: Изматете 18 жолчки со 300 гр. шеќер во прав. Во малку вода разматете 5 кесички капучино и додадете ги во смесата со жолчките. Варете на пареа додека не се згусне и оставете да се олади. Посебно изматете ги двата маргарина со 200 гр. шеќер во прав и измешајте во изладената смеса со капучини.
3. Вториот фил: Изматете 500 мл. слатка павлака со 4 кесички шлаг.
4. Филување: кора – крем – шлаг. Завршете со шлаг и украсете по желба.
Добар апетит!