Првата недела од мај започна бомбастично, со најпрестижниот моден настан на годината, Мет Гала, што традиционално се одржува во Музејот на уметноста „Метрополитен“ во Њујорк.
Темата на овогодинешното модно случување беше „A Line of Beauty“ во чест на контроверзниот моден дизајнер, Карл Лагефелд, кој почина во 2019-та.
Креативниот директор на Шанел, кој го создаде прототипот на модерната модна индустрија, ќе остане запаметен како еден од највлијателните дизајнери во светот на модата.
Токму затоа, задачата да се оддаде почит кон творештвото на Лагерфелд, се виде како мошне предизвикувачка задача за ѕвездите од А -листата. Некои од нив блеснаа, додека други потфрлија.