Нарцисоидното родителство и штетните последици врз децата

Родителството понекогаш има негативно влијание врз менталното здравје на детето, а во повеќето такви случаи последиците се видливи дури и во зрелата возраст.



Нарцисоиден родител - склон кон манипулации, без оглед дали тие се емотивни или физички, може да го убеди детето во одредени начела за животот коишто не се вистинити, смета психологот Лиза Њуман од Лос Анџелес, Калифорнија, САД. Според неа, има неколку „токсични“, т.е. штетни уверувања што потекнуваат од нарцисоидните родители. Пред сѐ, тука е убедувањето дека „љубовта треба да се заработи“, и тоа доколку детето е „совршено“ послушно.

Имено, децата на нарцисоидни родители уште во детството „учат“ дека ќе заслужат и ќе добијат каква било пофалба или поддршка, само ако има одредена причина за тоа.

- На овој начин, љубовта не само што е условена, туку бара од децата да исполнат идеал што всушност и не може да се постигне. Кога ова погрешно верување ќе се всади во детето, може сериозно да му ја повреди самоувереноста и да влијае на неговата доверба, и во детството и подоцна, појаснува Њуман.

Покрај тоа, нарцисоидните родители го учат своето дете дека нивните потреби не се важни, бидејќи нарцисоидите обично веруваат дека тие се „најважни на светот“. Така, потребите на децата честопати се отфрлени и игнорирани. На тој начин, децата се чувствуваат „невидливи“, т.е. како нивните мисли, чувства и искуства да не се воопшто важни.

- Нарцисоидните родители, исто така, ги учат своите деца дека луѓето секогаш ќе ги разочаруваат. Имено, луѓето со нарцисоидни особини генерално се разочарани од другите луѓе, често затоа што овие не им се восхитуваат на начинот на којшто го очекуваат или сакаат тоа, објаснува психологот.

Меѓу последиците e и тоа што децата потоа се уверени дека довербата, како и интимната врска со другите, се несигурни и секогаш разочарувачки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Дечко видел постара двојка во Мекдоналдс со само еден оброк пред нив и две чаши. Тогаш забележал како мажот полека и внимателно го поделил сендвичот на пола и една половина...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонија пат....
Верски календар
На денешен ден
69.- На Римскиот форум побунетите преторијанци го...
1535.- Англискиот крал Хенри Осми ја зеде...
1559.- Елизабета Тудор, ќерка на Хенри Осми и...
1582.- Со посредство на папата Григур Осми, кој...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби