BEAUTY EXPO ’23 - првиот саем за козметика,коса и естетика во Македонија ќе се одржи од 12-14 мај 2023 година во Хотел Лимак, Скопје.
На саемот ќе земат учество 40тина изложувачи кои на посетителите ќе им ги претстават новитетите од светот и пазарот на beauty индустријата. Посетителите ќе имаат уникатна можнoст да присуствуваат на Public Spot едукативни презентации, да набавуваат производи по промотивни цени и саемски попусти, да уживаат во богата, едукативна и забавна програма која што биде покриена со водителката – домаќин Миа Костова.
На штандовите на саемот ќе има богата понуда од:
-Препаративна козметика за нега на кожа и за професионална и домашна употреба;
-Препаративна козметика за нега на коса за професионална и домашна употреба
-Производи за нега на раце и стапала, педикир, маникир
-Опрема за салони за убавина (козметички,фризерски,wellness и спа центри)
-Wellness производи
-Декоративна козметика
-Парфеми
-Фармацевтски производи
-Диетски суплементи
-Естетски ординации
-Дерматолошки ординации
-Школи и едукативни центри за нега и убавина
Дополнително ова е одлична можност за стекнување на знаење за производи и третмани преку бесплатни презентации и обуки.
Детални информации и програма:
Петок -12.05.2023
Саемот ќе се отвори во петок во 17ч за посетители.
Во 20ч ќе има официјално отварање со богата програма.
Сабота-13.05.2023
Саемот се отвара за посетители во 09ч - се затвара во 21ч.
Недела-14.05.2023
Саемот се отвара за посетители во 09ч. - се затвара во 20ч.
Влезниците се со цена од 200 ден. А можат да се набават на влез на саем во х.Лимак или онлајн на www.kupikartizase.com. За сите новитети и информации во врска со саемот:
https://www.instagram.com/saemzakozmetikamk/
https://www.facebook.com/saemzakozmetikamk
https://beautyexpo.mk/
Во соработка со туристичката агенција Voyager се организира превоз од повеќе градови во Македонија како и соседните земји. Организатори на саемот се Арт Школа за убавина и Во Бело.