Совети за родители и поуспешни деца

Начинот како се разговара со децата и како родителот се однесува во присуство на детето влијае на нивната самодоверба и ментална сила - коишто пак, може да го предодреди нивниот иден успех како возрасни личности, велат стручњаците. Следат пет работи што родителите треба да ги имаат предвид, при воспитувањето издржливи, зрели и успешни деца.



Прекумерно попуштање значи разгалување. Детето кое има сѐ и добива сѐ што ќе посака, има и помала веројатност да развие сериозност, издржливост и истрајност. Тие особини, пак, може да му помогнат да избегне „пукање“ под стрес во зрелата возраст. Отпорните деца имаат и поголема самодоверба да се издигнат по неуспех и да продолжат со неопходните, пресметани ризици за успех, потврдува новото истражување.

Следната битна нишка за успех е одговорноста.

- Поставете разумни очекувања и сметајте ги (децата, з.п.) за одговорни. Колку повеќе им верувате на Вашите деца за да ги прават работите сами, толку повеќе ќе бидат самостојни, советува писателката и стручњак за родителство, Естер Војчицки.

Не ги казнувајте нивните неуспеси! За едно дете, важно е да научи како да се опорави од неуспехот на здрав начин. Казнувањето на детето за грешка може да испрати погрешна порака: Дека неуспехот е нешто од коешто треба да се срами. Совет: Укажете му на детето дека грешката е привремено назадување и од неа учиме.

Помогнете им на децата да разберат што треба да научат од секоја грешка, за да можат да ја изградат потребната самодоверба за да успеат следниот пат. Може да се сподели и по некоја приказна за своите сопствени неуспеси што завршиле со успех, или пак, пример за друг познат успешен човек.

Песимизмот, јасно искажан со говорот и однесувањето, се пренесува и на децата. Имено, децата оптимисти имаат поголема веројатност да ги гледаат пречките како привремени неуспеси што може да се надминат. Прекумерната негативност може да ги наведе и децата и возрасните полесно да се откажуваат кога работите стануваат тешки наместо да работат на создавање решенија, покажува истражувањето.

Без претерување во лутината!

- Лошата оценка или тепачка со другарче не е „крај на светот“. Со оглед на тоа колку често детето го забележува и имитира расположението и однесувањето на возрасните, важно е родителот да не претерува со лутината, истакнува психологот за деца, Ализа Пресман.

Случки полни со анксиозност, лутина и гнев може негативно да влијаат на психичкото здравје на децата, според психолозите. Тоа може да доведе и до состојби како депресија, што ја намалуваат мотивацијата и самоувереноста на детето да успее натаму во животот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Како ќе познаеш дека плавуша возела кола?
- Има кондом на мењачот.

* * *
- Зошто плавуша не може да положи возачки испит?
- Секогаш кога инструкторот ќе рече паркирај,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
69.- Приврзаниците на Тит Флавиј Веспазијан, кој...
1639.- Роден е францускиот писател Жан Расин,...
1666.- Умре италијанскиот сликар Гверчино,...
1790.- Руските трупи под командата на Александар...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби