3 најчести машки грешки кои го поткопуваат бракот

Во стабилен и среќен брак, партнерите меѓусебно се поддржуваат и градат врска заснована на доверба, искреност и одговорност. Истражувањата покажуваат дека емоционалната сигурност и отворената комуникација се клучни за долготрајна врска, пишува порталот „YourTango”.



Грижливиот сопруг не само што ја изразува љубовта со зборови, туку и со постапки коишто покажуваат дека тој се грижи за благосостојбата на својата сопруга. Така, според наводите, добриот сопруг никогаш нема да дозволи партнерката да се грижи за следниве три работи.

1. Одење во кревет додека кавгата сѐ уште трае

Здравите врски, се вели, се одликуваат со меѓусебно слушање, избегнување непотребни судири и добра комуникација - заради одржат стабилна врска. Грижливиот сопруг нема да ги игнорира проблемите и несогласувања, ниту ќе дозволи да се наталожат, туку ќе се труди да најде решение пред негативните емоции да се продлабочат. Иако несогласувањата се неизбежни, важно е партнерите да работат на нивно решавање како тим, наместо како меѓусебно надмудрување.

2. Префрлање на вината за сопствените грешки

Брачниот терапевт Џејсон Вајтинг потсетува дека неодговорните и штетни личности во врската често користат манипулации за да избегнат преземање одговорност. Спротивно на тоа, сопругот кој вистински ја сака својата партнерка нема да дозволи таа да се чувствува виновна за неговите грешки. Наместо да се брани или да глуми жртва, тој ќе ја признае својата грешка, ќе се извини и ќе покаже подготвеност за промена, што ја гради довербата и ја зајакнува врската.

3. Недоверба поради неискреност

Брачната советничка Шери Стритоф се согласува оти многу луѓе лажат и за да избегнат караница. Сепак, тоа долгорочно ја оштетува врската и создава несигурност и недоверба. Сопругот кој ја цени својата сопруга нема да дозволи таа да се сомнева во неговата искреност, туку отворено ќе разговара за неговите чувства и мисли. Довербата се гради преку доследна искреност и способност за отворено изразување дури и тешки емоции, што овозможува подлабока поврзаност меѓу партнерите.

Љубовта во бракот не е само чувство, туку и збир на секојдневни постапки коишто покажуваат заемна грижа и почит. Грижливиот сопруг ќе разбере дека отворената комуникација, отчетноста и искреноста се клучни за среќна врска и посветено работи за неговата сопруга.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се собрале репрезентациите на Колумбија и Јамајка.
Едните ја испушиле тревата, а другите ги ишмркале цртите.
Натпреварот бил одложен.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
280.- Роден е римскиот цар Флавиј Валериј...
1617.- Меѓу Шведска и Русија е склучена спогодба...
1807.- Роден е американскиот писател Хенри...
1844.- Домениканска Република се одвои од Хаити,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби