Здодеани ви се старите еднобојни патики и сакате да си купите нови и уникатни? Не мора беспотребно да трошите пари, бидејќи ние ќе ви дадеме идеја како може вашите патики да ги направите да изгледаат како нови и впечатливи. Сè што ви е потребно се неколку маркери во различни бои, молив, хартија, ножици и линиар.






