ЗА ОДЛИЧНО ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА МОЗОКОТ

Како да си ја подобрите меморијата?

Со оглед на секојдневните обврски со кои сме опкружени, постојано се соочуваме со работни задачи, кои колку и да имаме добра меморија, некогаш едноставно ги забораваме. Додека сме млади воопшто не размислуваме за тоа, но всушност мора да го храниме мозокот со цел меморијата да ни остане на добро ниво тогаш кога ни е најпотребна.

Како да го направиме тоа?

Вежбање



Вежбањето, особено трчањето, ни помага да си ја подобриме меморијата. Едни научници извршиле истражување врз глувци кои покажале дека при трчање лачеле протеини и витамин В, со кои се хранат невроните. Но, ако се трудите да запомните нешто, на пример презентација, некои истражувања покажуваат дека најдобро е да го научете материјалот, да почекате неколку часа и потоа да вежбате. На тој начин подобро ќе го запаметите наученото.

Консумирајте храна здрава за мозокот

Оревите се особено добри за подобрување на меморијата, кои може да ги вметнете во секојдневната исхрана. Едни наоди прикажани во весникот за Алцхајмерова болест, покажуваат дека антиоксидансите во оревите може да го забават намалувањето на когнитивната способност. Исто така и рибите се одлична храна за мозокот, бидејќи содржат омега 3 масни киселини, кои го одржуваат мозокот во добра состојба.

Пијте кафе

Ова е уште една причина зошто е добро да пиете кафе. Студиите покажуваат дека кофеинот го зголемува процесот на складирање на меморијата во мозокот. Не само што ќе памтите многу работи, туку и ќе имате многу помал ризик од смрт предизвикана од кардиоваскуларни болести, невролошки нарушувања и дијабетес тип 2.

Практикувајте дремки



Истражувачите од универзитетот во Калифорнија, откриле дека автономниот нервен систем, кој ги контролира активностите како што се дишењето, биењето на срцето и дигестијата, помага при зајакнување на меморијата додека спиете. Исто така спиењето помага краткотрајната меморија да стане долгорочна. Една дневна дремка може да ви помогне да размислувате пофлексибилно.

Пишувајте забелешки

Можеби повторно треба да се вратите на запишување белешки на хартија, а не на вашиот мобилен телефон или таблет. Студиите покажуваат дека пишувањето на белешки на хартија ви помагаат подобро да го запомните материјалот, бидејќи обрнувате поголемо внимание на информацијата.

Имајте распоред за јадење и не јадете навечер

Откажете се од вечерното грицкање. Едно истражување направено на универзитетот во Калифорнија покажува дека јадењето касно навечер може да влијае врз функционирањето на меморијата, особено врз способноста да запомнете, да се сконцентрирате и да учете. Истражувањето, направено врз неколку глувци, исто така покажало дека глувците кои јаделе според некој распоред имале многу подобри резултати при тестирање на меморијата, за разлика од оние кои јаделе во неодредено време.

Смејте се



Истражувањата покажуваат дека смеењето може да ја подобри меморијата, особено кај оние повозрасните. За време на истражувањето, на учесниците им било пуштено смешно видео, пред да направат еден тест за меморијата. Резултатите покажале дека смеењето го намалува стресот, односно оние кои се смееле, за разлика од оние кои биле рамнодушни кон видеото, покажале многу подобри резултати на тестот.

Практикувајте јога

Вежбањето јога или медитирањето еднаш неделно му помага на мозокот подобро да функционира. Јогата може да ве направи посреќни, да го зголеми крвотокот, да ви го подобри самопочитувањето и да направи да се сконцентрирате подобро. Успешните бизнисмени, често го започнуваат и завршуваат денот со јога.

Бидете зафатени

Истражувачите откриле дека луѓето кои водат зафатен живот всушност имаат подобра меморија. Сепак, истражувањето не покажува дали обврските во текот на денот го заштитуваат мозокот. Може да има некоја природна корелација дека луѓето кои имаат подобра меморија и се попаметни, практикуваат повеќе ментална стимулација преку активностите.

Искусувајте нови работи



Правењето на нови работи или скршнувањето од типичната рутина, може да го подобри функционирањето на мозокот.

- Нашите мозоци постојано одлучуваат што е доволно важно за да се запамети а што не. Кога сте во некоја несекојдневна состојба, мозокот смета дека информацијата е важна и ја памти, смета д-р Даглас Филдс, невропсихијатар на Националниот институт за здравје во Америка.

Па дури и да скршнете и да тргнете по друг пат на работа може да ви помогне да ја подобрите меморијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Како ќе познаеш дека плавуша возела кола?
- Има кондом на мењачот.

* * *
- Зошто плавуша не може да положи возачки испит?
- Секогаш кога инструкторот ќе рече паркирај,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
69.- Приврзаниците на Тит Флавиј Веспазијан, кој...
1639.- Роден е францускиот писател Жан Расин,...
1666.- Умре италијанскиот сликар Гверчино,...
1790.- Руските трупи под командата на Александар...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби