Истражување: Пандемијата ја зголеми стапката на депресија кај младите

Ново истражување за психичкото здравје во Франција открива огромно зголемување на бројот млади луѓе кои пројавиле депресија, а најверојатната причина е Ковид-19 и ограничувањата воведени против ширењето на коронавирусот.



Француската Агенција за јавно здравје вчера ги објави резултатите од последните редовни обемни истражувања за психичкото здравје спроведени во 2021, една година по најакутната фаза на глобалната пандемија. Тие говорат дека 20,8 отсто од лицата на 18 - 24 години рекле дека доживеале епизода од депресија изминативе 12 месеци, во споредба со 11,7 отсто од претходното истражување спроведено 2017 година.

Стапката кај младите е речиси двојно поголема од онаа на целата возрасна популација од 18 до 85 години.

-Стресот предизвикан од Ковид-19 и ограничувањата наметнати за негова контрола се, се чини, една од главните хипотези коишто го објаснуваат овој пораст, објави Агенцијата.

Влијанието на карантинот, социјалната оддалеченост и другите ограничувања е посилно почувствувано кај студентите и помладите луѓе, бидејќи се смета дека „тие ограничувања го уништиле периодот што се случува еднаш во животот“, кој не може да се повтори. Несигурноста дополнително ја зголемува вообичаената анксиозност поврзана со растењето и развојот на личноста.

- Неизвесноста за иднината одигра голема улога, што има многу важно влијание на таа возраст, ​​вели Енжеран ду Роскоа, еден од авторите на француското истражување и стручњак за ментално здравје.

И други испитувања во светот дадоа слични резултати. Имено, скоро 57 отсто од американските тинејџерки се чувствувале постојано тажно или безнадежно во 2021 година, двојно повеќе од момчињата, се вели во извештај на американските здравствени власти. Ова е пораст од речиси 60 отсто од 2011 година и највисоко ниво забележано изминатово десетлетие.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Од што умре Вашата прва жена? - судијата го прашува осомничениот.
-Јадеше отровни печурки.
-А како почина вторта?
-И таа јадеше отровни печурки.
-Немојте да ми кажете дека и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
1865.- Во Бомбај, Индија, е роден Радјард...
1909.- Убиен е Ѕоле Стојчев, македонски...
1911.- Во Кина е укината монархијата, а на чело...
1943.- Бугарските сили и контрачетниците од...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби