Летото е делот од годината кога многумина решаваат да се префрлат од вежбање во теретана на вежбање на отворено – што со себе носи одредени опасности. Еве како да ги избегнете:
1) Внимавајте на хидратацијата
Дехидрирањето е најважната работа која треба да ја избегнете кога вежбате на отворено во летните денови. Доколку не пиете доволно вода, може да дехидрирате што може да доведе до исцрпување, па и топлотен удар. Докторите сугерираат да се консумираат помеѓу 500 и 600ml. вода 2-3 часа пред вежбањето и 200-300ml. на секои 10 до 20 минути за време на вежбањето.
2) Не вежбајте околу пладне
Најголемите температури во лето се од 10 претпладне до 3 попладне, па така е најдобро тогаш или да вежбате во затворена (климатизирана) просторија и да ги избегнувате вежбите на отворено. Доколку пак тој период се затекнете надвор, задолжително движете се и вежбајте под сенка.
3) Ставајте средство за сончање и кога вежбате
Ставањето на средство за сончање пред одење на плажа или базен е вообичаен процес, кој многумина го забораваат пред да вежбаат на отворено или трчаат. Се препорачуваат средства со заштитен фактор од минимум 30, кое треба повторно да се премачкува секои 2 часа или почесто доколку многу се потите.
4) Хранете се правилно да ја избегнете дехидратацијата
Само пиење на доволно вода не е доволно да се спречи дехидратацијата, туку треба да се зголеми и внесот на сол и шеќер за да се одржи енергијата при вежбањето во топлите денови. Солената храна помага за одржување на електролитите и намалување на шансите од хипонатремија, медицинска состојба која се појавува кога нивото на натриум е прениско поради пиење премногу вода.
5) Облечете се правилно за високи температури
За вежбање на високи температури, важно е да се носи облека која дише. Материјалите кои ја отстрануваат потта се одлични бидејќи неа ја преместуваат од кожата на надворешниот слој од облеката, од каде што испарува – при што се спречува „лепењето“ на облеката за испотениот дел од телото.